Денот е мој! Минатата ноќ беше проколната, имаше доста извори на негативност и посесивност, како некој да го земал мојот свет и го превртел наопаку, ете до толку. Јас, иако навидум јака, ладна и арогантна, знам најубаво да се скотам до него, таа моја страна сеуште не ја доживеал, зашто искрено се трудев доста многу да го сменам тоа, но тој упорно го буди тоа во мене, упорно! Со оглед дека 5 часот сабајле е денес, денот ми почна со врескање, напнатост, и солзи. Имаше зборови кои не требаа да бидат кажани, искрено, тоа ме здрма доста многу, па ете, се сврти мојата друга страна. Сега, после 5 часа сон... наспана да, дома со мајка, со најубавото кафе, со аргета паштета, со мачкиците мои и со надеж дека туширањето ќе однесе многу работи кои ми се на ум да ги кажам, за кои може ќе се каам, може не треба а и можеби па и не треба да им обрнам внимание. Искрено, миксови од чувства, дури можам и торта од нив да направам! Не е ич добро тоа. Не сум добро, не сум мирна, не сум спокојна. Но, ова сум јас, и одам да го грабнам денот, зашто живеам со секој здив, и нема некој мочко мене да ми го преврти светот со зборови кои не се на место, за кои знам дека ќе му е жал, нормално, после се синоќа.