Се осеќам ко будала Со чорапи на 37 степени и цел ден преседен пред лап топ, тотално нерепродуктивно како да немам полагање во петок. Не сум ја крива што испитна сесија е во пролет/лето да ми извинат, никој нормален не може да учи во овој период.
Испотено. С'клет ,ме фаќа, место не ме држи. Сепак ништо не може да ме спречи да уживам во денов и подготовките за свадбата на другарка ми. За прв пат на свадба надвор од државава. Се радувам и си потпевнувам.
Еве вака... Не само денес, туку општо овој период сум ептен збунета, имам некое недефинирано расположение, час сум супер, час сум во депресија. Ми тежат обврски, ама повеќе ми тежат мислите и стравот дека нема да можам да ги исполнам навреме. Моиве ме тераат да седнеме да испланираме одмор, а мене од дома не ми се мрда. Креативноста ми е на незавидно ниво - имам што да кажам, ама не знам како. Секогаш кога ќе отворам празен документ, мислите ми се кочат. И се чувствувам виновно. Денес изедов пола пица сендвич и десетина чоко стапчиња. Кога не ми е по ќеиф периодот, се оддавам на јадење. Утре цел ден чај, супа и салати. Под казна!
Напнато... Премногу мисли во глава, грижи и нервози. Утре ќе биде напорен ден, од стрес и страв не знам дали воопшто ќе заспијам.
Уништено и одвратно. Како можев сама да си го ископлицирам зивотот до тој степен? Се прашувам мнгоу работи...