Наспано после подолг период , минимално поопуштено и како да насетувам дирекција во вистински правец. Се надевам дека интуицијата не ме лаже , барем овој пат.
Прекрасно совршено,исполнето,вакво утро одамна не сум имала... А и добро утро и убав почеток на денот ви посакувам на сите феминки.....
Лелеј! Си мрдам у ритам со контракции на мускулите на задницата (добро бе го прави ли ова уште некој, да игра со мускулите на г’зот) и си потпевнувам, ПиЕмЏи колектив, ен, два, три, четири, пет - ние сме од...!!! Возбудена. Со милион мисли во главата. Некогаш ми е смешно како знае самото се да си се подреди во некој редослед, ај прво ова, ај прво она. Ај прво журкање у женско друштво, во градот на Влтава. Па добро, како вака спонтано им текиња бе?! оп цуп, слободна си на 30ти? Да. Зашто. Затоа што ќе идеме ваму и ваму и ти ќе идеш исто. Мои луѓе! Не го љубам нешто посебно ама знам дека ќе си поминеме топ. Па после оп, па ајде уште еднаш оп! И оп стоп, изволте коктелчич на балкончич! Ма не знам како се чуствувам искрено, стварно ми е се испомешано, од возбуда до љубов, преку онаа другана возбуда па поинаква љубов, па исчекување, па ме боли дупе attitude, ма се чуствувам ко мало вртелеВче од парк, дувни ме и ќе се вртам во сите бои. Е така некако, и ич не е лошо
ЖИВО! Од сабајле ми започна денот со бакнежи, со гушкања, а така и ќе ми заврши. I am a woman in love
А бе се е ОК, само да немав за учење. Мрчатор најголем сум, покрај волку убаво време и онолку за учење.
Денес сум во некоја чудна комбинација од чувства на ненаспаност, премореност, а истовремено среќа и голема олеснетост...
Ко варен компир и недоспана. Демек слободна, а утрово станав пак во 8. Цел ден кенкам, перам алишта, успеавме со сестра ми и тепихот да го испереме и како жртва да го принесеме да се суши на балкон. Ни ајс кафево што го испив во комшилук не ме крена. Едвај чекам да кинисам кај либето, ќе ми прави печурки на скара за вечера, а ја треба да му купам Лакалут паста за заби. Дома, се’ е по старо. Ми недостигаа малку моиве. Изгледа, се чувствувам мошне евентуално!