Оптимист сум по природа ... барем така мислам, ама денеска ме обзема некое песимистичко чувство. Не е убаво во секој случај, ама добро, мора да има и вакви моменти чисто да се разбие монотонија. Јас сакам слобода, не сакам да бидам ограничена, ама во некои ситуации морам да трпам и ми доаѓа да се самозапалам.
Сега сум подобро за разлика од вчера што ке пукнев од лутина.А и мн сум заморна,но никако да спијам,неможам..........
Имам одвишок енергија. Не сум спиена воопшто, а сепак се чувствувам одморно. Убаво ми е, после долго време.
Исцрпено ама полека си ја враќам енергијата После добро вежбање и добар туш си уживам во голема чаша јогурт . Времево е милина моментално ....
Многу нестабилно, само прашање на време е кога ќе пукнам и ќе се срушам. Нешто во стилот тако ми треба да се изгубим и од свега да се одморим. Се осеќам дека уште еден нож ќе претрпи мојот грб. А си реков дека веќе нема да бидам ваква, ветив дека ќе се сменам.
Убаво, одлучно, цврсто - дознав дека имам неверојатна сила и тоа ме прави помудра и посилна. Да, убаво.