I feel,i feel...i feel like a fish! Просто и едноставно Можеби поради тоа што сум на езеро,и одвај чекам на плажа да се бањам,а можда и поради миризбата на јекодерм по моите изгореници Исто така покрај фиш филингот се чувствувам уморно по сабајлечките вежби,и мислам дека сите мускули ми се воспалени Како и да е,се на се убаво чувство е
Се спремам за специјален ритуал за полнава месечина ..значи: свеќи, значи цвечиќи,значи кристали, значи лист хартија и пенкало и значи кај езерцата у Аеродром чунќи за да се фати маџија-ва ми треба војца да наквасам листенцата ама и клозетска шоља бе да ги пуштам потоа Ах, со денови само на ова мислам и се смеам за лудоста човечка,а и моја. Ете како се осеќам. Што ми е (?)поима си немам, али од што и да ми е, нек ме држи подугачко време... по можност до смрт!! Нек не ме пушта (а и за тогаш, по смртта... оставам отворена можност да не ме пушти нит тогаш) Пред искушение некако да се стори нешто, штоооо... така порано, во едно друго време се чинеше као многу страшно Сега нешто ми све једно! Имам изговор. Натјерали су ме бре! Не е лесно да живееш со овој мозок не. Треба константно да припазуваш на него да не забега предалеку па да мораат да го хоспитализираат ццц Ај да си се приберам од глупостиве и лудорииве Арна сум ееве, најарна на свет, прав мајски цвет!
Ме разбуди светлината која продираше низ ролетната. И така пак трудејќи се да заспијам почна да ми зуи нешто на увото. Се вртам де на едната де на другата страна, пак зуи. Станав да видам што е, нема ништо. Ајде пак легнав, пак почна да ми брчи над главата. Станав и видов дека влегле во собата едни шугави пеперуги. Отидов по тепалката и се гоневме низ собата. И сега се чувствувам поспано ради тие глупи инсекти. И шлагот беше што оваа романса се одвиваше во 5 часот .
Внатрешно - сокапано! Надворешно - како варен компир, не ни помислувам да станам да ја вклучам климата, ми го искриви вратот!
Најсреќна сум СЕГА!!! ТОЈ ми го разубави денот, иако ми почна грдо и бев нервозна, ама ме изненади и ми израдува и го сакам најмногу!!! ахххх....
Несоницата е најгадно нешто шо човек може да го има. Ме тера да се испратам јабана и таму да се пронајдам. Кога лежиш во твојот кревет и силно се напнуваш да заспиеш, абе барем да не мислиш, па од очај почнуваш нешто како демек медитација на некоја плажа додека ги слушаш брановите; или зелена полјана; или тип со глас како Вили Вало до тебе. Не, никогаш ништо не успева! Излегуваш од собата која ти е веќе мачилиште и капираш дека почнува да се разденува со првата песна на птиците. Па ти се појавува онаа чудно чувство од вкусот и мирисот на утрото и знаеш, нема спас за тебе во следните 2-3 часа. Каква грда беспомошност...
Се качив у погрешен автобус со мисла да отидам на погрешно место. Ем автобусот што го фатив благе везе немаше со погрешното место за каде се упатив, ем местото за каде тргнав благе везе немаше со патот што си го избрав, нити со местото што го мислев. Симптомиве веќе стануваат препрепрепресериозни. Да беше човек Док, ќе ти речев ако продолжат симптомиве, да ми ги скратиш маките ко на секое друго животинче што би му ги скратил... за да не се мачи. Мозокот ме напушта!!!
Се чуствувам...изморено, а само што станав од спиење..изгледа поради напорниот ден вчера...позз феминки