Повеќе почитувам биркање важни информации по нет отколку дремење на социјалната мрежа. Без разлика дали сум онлајн или не, гледам да не го тупам времето таму. Дознав дека пречестото прозевање ако не е резултат на несоница, тогаш е резултат на низок крвен притисок, односно високиот притисок да е низок. Незнам колку ме разбравте. Станувам наутро, се чувствувам наспана. По два часа јас почнувам да се прозевам. Од тогаш си го мерев притисокот и се ми е под 100 . Чувствувам голема малаксаност, и незнам дали ова е поспаност или не. Само знам дека ми треба едно големо и силно кафе да ме дигне на нозе. Да престане ова прозевање!
Како да ми дувала клима во грб цел ден...само без тоа како Жешко е и тешко на времево да имаш добиено...па уште и да носиш кремава сукња и да му ја мислиш како седиш да не ја уплескаш. Не ми мрда газов денес, со столчево на тркала цела канцеларија ја шетам. Ме болат и очите и стапалата. И ослабена, по ѓаволите, овоштија, зеленчуци, на летово ништо друго не се јаде, и ме стопија, пак сум со чечкалици уште 2 саати и ќе си раширам крилја кон домата, денес не ми е денот за убавини.
Паааа шо знам. Измешани емоции од вчерашниот ден - човек да не знае што да мисли повеќе. На моменти сум разочарана и скептична за понатака. Кога ќе ти ,,залепат'' у фаца информација што може животот за 360 степени што се вика да ти го сврти, и на сето тоа да те прашаат - ,,Како си?'' - Што мислиш, како сум?. А пак, на моменти гајле ми е за се, флегматично дејствувам/делувам, уатевр. Летово не е тоа што очекував, најверојатно имав преголеми очекувања од него. Се повторува прошлата летна сезона, само сега со појак интензитет. Епа не сакам вака! Прав шпански филм ми е животов, мајке ми. Уште една текила, порфавор!
лОл утре славам 2 години врска со дечко мии и незнам дали сум повеќе заљубена или возбудена. А бидејќи минатата година тој од мене доби изненадување оваа година е договор тој да ме изненади паа колку ли сакам овој часовиник побрзо да се врти.........
Често мењам расположенија, тоа го приметив баш сеа. Од сабајле бев среќна, попладне тажна, сега пак среќна. Арно си викам ја, не сум нормален човек
А како може да се чувствува личност што апстинира сто години од секс? Ете така се чувствувам.Ме побркаја хормоните,готово. Само што ...Не е за смеење работава,богами за плачење е.
Spoiler Честитки ,да е здраво ,живо и весело. - Денеска се чувствувам добро , само што малку ми е досадно
saseiefi Честитки нека е живо и здраво. Инаку се чувствувам добро ама може уште подобро ...Месецов треба да биде решавачки за една најважна работа така да секојдневно на тоа мислам но ќе биде подобро..