Денес просечно , времево е гомно , извинете за изразот , врне ко да не е пролет.. Сакам да се шетам , да лижам сладолед , сакам утринско кафе на тераса додека сонцето пече.. Човек на раат на шопинг да не може да си отиде !! Инаку да не забегам од темата , денес тмурно ептен ама расположена си бев откога и кажав на една идиотка се што мислам за неа ха ха ха.. Сега чекам Шехерезад и зевам ко недозреана . МИ СЕ СПИЕ ЛУЃЕ !!! Ко зомби сум ..
Безврска ми е. Од една страна сум презадоволна и се осеќам ко принцеза. Од друга ми тежат купот обврски и згора на сето тоа сум нервозна кога ме игнорира некој!!!
Ааааааааајм сиииингинг ин д реееееееејн...и носам црвени чевличињаааа!!!Како на Дороти!!!И супер ми е! Мирна ми е главава,срцето не баш.После стресен период,чувствувам празнина и како изгубена сум...ќе се опоравам. Мајка ми е болна,а кога е таа болна јас се чувствувам болно...многу сме поврзани!Всушност како и сите деца со нивните мајки...или речиси сите или пак најчесто... Утре имам во план разубавувачки ден,со се депилации,педикири,маникири...има да се оставам!HAAAA!!!Ќе мирисам на хемии,ама ми е гајле.Викаат за лепота се трпело,кој да знае... За во сабота си ги стокмив паричките,си стокмив торбите за на пазар и одам на саем на солидно пазарење...мх,мх,мх... Мобилниот ми лудува...ми откажува љубов после година и пол...жално...емотивно се поврзав...лажам,ми е гајле. Надвор си врне,собата ми е лом,уште нозе да има и ќе појде...глувци ќе ми се изведат...тоа е... Немам мачка со мачиња годинава и празно ми е...ми доаѓаат спомени...мали,минјатурни,само што заодени,како ѓевречиња свиткани и си спијат...леле,леле,леле слаткотии...па ќе ги фатам со два прста и нежно за вратчињата и масирам,а тие уживкаат...ууууууф...мачкарка невидена сум... Го сакам уште толку многу,ама знаете кога нешто ви иде од внатре да му се инаетите,чисто за да изнудите повеќе внимание,не дека го немате,ама уште си сакате...епа така ми е! И така,врне ви кажав?!Да не не знаете?! Ве канам на ладна кока кола...повелеле...
Па, со оглед на тоа дека ја испратив сестра ми во Фиренца, и надвор врне, може да се рече дека сум уморно тажна. Саемот, ок. Работа ко работа, си наоѓам начини како да се забављам. Изедов еден тост набрзинка веднаш штом се вратив дома и сега ми е тешко на стомакот. Празно ми е во соба. Тој мој кретенски став : Нека се омажи сестра ми!- сега некако како бумеранг ми е, нејќу празна соба, сакам даде и да си глеаме цртани, како кога бевме мали. Нејсе, добар ми е денов, иако можеше да биде и подобар. Ја мислев вујна ми, многу, пред извесно време, и ми падна ужасна болка на срце, како да беше вчера. Само нешто се јадосувам, ама ако. Болката знае кога треба да си оди и да и отстапи место на среќата. Си ги издепилирав брковите, се истуширав и сега ќе си читам списанија. Живеам важно. Љубовта моја исто така ќе патува кај и да е. Сакам и јас да си отидам некогаш. Да му недостигам некому. Некои луѓе, едноставно, треба да останат овде. Или можеби јас премногу си ја детерминирам судбината. За инает ќе јадам еклер сега и ќе сонувам будна.
и возбудено, се сликам за табло попладнево. Како небаре за невеста се спремам . После ќе ви кажам како се чувствувам откако ќе се сликам, да не бидам гневна и разочарана плачка која по милионити пат не се бендисува на сликата А бе сега е битно, сега сум јеееееееееееееее...
Конечно наспана! И сега сум си некако посреќна...па уште некој саат почнуваат подготовките за излаванјеее..... Инаку денов не баш непто посебен...до 12 на школо...после спиење до сега...онака безвезе.....
isto kako i ostanatite denovi ... promenlivo zavisno od momentot. Sakam da kazam deka sabajle se chuvstvuvav super, a momentalno mi e dosadno bidejki sum u skolo