Чудно, одамна не сум била исполнета со волку спокој, љубов, душевен мир..... Среќна сум, денес сум среќна и заљубена во оној кој ме направи среќна
малце во исчекување, така напнато ама на добро ќе е ... супер сум во главно, вежбав и денес и денес се хранев здраво и имам убаво пеглана коса и ќе си излезам уште малце.. се надевам нема да се наруши до вечер моево расположение
Се згрбавив над ова лап-топов. Си го сакам мојот PC назад!!! Шала на страна, навистина ми недостига, некако повеќе се поврзавме. Денес станав релативно рано и пиев утринско со моите, на што особено се радувам. Уживам кога си пијам утринско со нив. Уживам кога денот заедно ни започнува, а потоа секој си продолжува со своите обврски. Цело попладне се релаксирам со книги и музика, за мракот да ме фати тука. Ме немаше одамна и којзнае, можеби повторно ќе се изгубам.... ех, што ти прави едно лето во Охрид
И денес и вчера,и цела недела пред тоа .. така еден подолг период се чувствувам ни на небо ни на земја, со грутка во грлово, со неодреден статус за некои прашања кои ме мачат, али утре ќе дадам се од себе да ги помрднам од мртва точка. Ќе наидам на одбивање,пак,знам, ама подобро од ваква неизвесност...
тажно, зашто мене ми се случуваат вакви работи, со денови неможам мирно да спијам си ги кријам солзите, се лажам сама себе дека се е во ред...... :'(