Кога само би знаела... Измешани емоции? Нервоза? Несоница? Да се раздени па ќе искочам да потрчам малку барем да потрошам неколку калории и да си ја избистрам главата на свеж воздух
Среќно што си го поправив спиењето, сега на време станувам/легнувам. Го фаќам денов од почеток за да си ги завршам сите обврски и да си го исполнам со љубов.
Денес? Суперррр наспано, расположено, со другарка ми досега се свестевме со утринско кафе после мамурната саботна вечер, а сега само уште ми фати да залади малку и да прошетам да не мора да чекам да се стемни..
Премногу сум чувствителна. Плачам за секоја ситница.Не знам што се случува со мене овие денови ... Мислам дека јас и брат ми повеќе никогаш нема да бидиме блиски како што сме биле порано.Далечината си го прави своето,а мене сите ме заборавија. Се прашувам дали воопто ќе бидиме во контакт по неколку години кога ќе се ожени.Се прашувам дали ќе ја изгубам единствената личност за која животот би го дала.
Опуштено, за среќа ветерот ме разладува, после вакви горештини, си лежам, си уживам... па уште малку ке искочам..