Уморно, нервозно, во пмс... Цел ден натаму-наваму, се случуваат некои работи што не би требало, ама ете. Јас ги оставам, не знам како да сопрам.
Rain да не натепаш некој Јас арна сум сега за сега,преубо беше на свадба,а за утре не гарантирам во шо состојба ќе сум пошто ми претстои разговор кој што не очекувам баш нај да помини. Зошто па да се секирам само јас? Не треба така да продолжува.
Денес се чувствувам прекрасно. Станав во 8, испив јако нес, си пуштив музиче и си се спремив за на работа. Обожавам коа денот ќе ми почне со музика и кафе.
За прв пат во животот сакам да сум американка. И тоа, само ради една причина... да ја напуштам Америка ! Ме разбираш? Нормално дека да! Колку поголем арч на енергијата, дал креативна, дал некреативна.. дал со цел, без цел, ма што годе.. толку помалку се замарам со лудиов свет. Не ме занима некако! Пак и него да го занимаше и погаѓаше, ќе се спакуваше и ќе си одчекираше од тука. Ама тука е. Чаре нит за мене, нит за него. Онда секој со својата лудост. Јас бар мојата ќе си ја користам како знам и умеам. Да речам, можда ќе згрешам, али некои луѓе кои стварно ги ценам ради онака имам чувство дека тешко им оди со одржување доверба дури и на елементарно ниво. Што е тоа што те тера да прераскажеш макар и на непознат, поима немам, ал мене не ме бендисува постапкава! ...лекција од дома не научиле... Треба со време да пресечеш канал. А, чим си го створил.. е, кој да ти одговара за тоа кој се’ друг ископал други канали, во други насоки. Јеби га. Свету! Јас сум најубава... ама во душата! А, реалноста е дека имам претерано многу фаленки. Што е со другиве.. е, замарај си се ти. Јас сум си зафатена со читање умо-полезни ствари. Адиос амигито.
Незнам што ми се случува, но моментално и од никаде почнаа солзи да ми се леат по лицето. Во која планета ми премина знакот незнам, но знам дека сега сум безмоќна. Sometimes I feel like I'm alone Sometimes I feel like I'm not that strong Sometimes I feel so frail so small Sometimes I feel vulnerable Sometimes I feel a little fragile http://www.youtube.com/watch?v=HOD0bU1n7WQ
И убаво и чудно ни сама незнам како Треба да одам во Охрид 27 дена и незнам дали да одам.Ако одам ке одам или денес попладне или утре сабајле
Ептен опуштено! У ште сум по пижамки, пред лап топ со кафенцето, три саати си го пијам. Денес одлучив да останам дома и да не одам нигде, да си ги чекам тетка ми и брачедите на вечера, а во меѓувреме и да се средам малце, како физички така и психички. Од како сум се вратила од одмор, се‘ сум на плажа, по кафиња, навечер излезена, па ептен почувствував потреба да поседам малце и дома.
Фино, не е лошо До пред малку се нервирав, немав нет цело сабајле, ама сега е ок Многу сум подобра и порасположена од вчера, особено зошто на мојот најсакан брат денес му е роденден и вечер ќе прославиме А до вечер, и јас како Лепа ќе си седам по пижамки, пиејќи ладно нес пред лап топ. Ма уживам у самоЌу и убаво ми е