Се чувствувм уморно можеби е поради физичката работа која ја правам сама - сестра ми не е тука на одмор е па сега се ме чека мене. Сирота јас следните 10 дена. Но сепак сакам сестра ми одлично да си помине и да се врати црна како ќумбе
срекноооооооооо го положив и последниов испит од ова лето... од септември се продолжува пак а до тогаш одморррр и уживање
Некако.... празно. Веќе подолго време се чувствувам како да не чувствувам. Жално е кога единствени емоции кои ги доживувам се оние кои ми навираат од книгите што ги читам. Тапа.
Ми се спие. Никој не ми е крив што не можев да заспијам никако синоќа. Ни јас додуша не сум крива. Чекам да ми ѕврцнат за на работа и нерва ме фаќа, мразам да чекам. И мразам неодговорни луѓе и покондурени тетки кои ми се прават многу напредни, а еден Ворд не знаат да отворат. Ми доаѓа се‘ живо да истепам утрово, ама се контролирам некако. И кафе ми се пие!