Неподготвено. За иднината. Иако до таа иднина има само уште 10 дена. Нема да ме фати off guard. Ја гледам уште сега, како воз доаѓа. Знам точно колку ќе биде незгодно. А јас, неподготвен. Не поради друштвото. Друштвото ќе биде прекрасно. Други работи ме мачат. не знам ни како да се изјаснам веќе, се си тлее во мене.
Шашардисано-немам подобар збор за мене денес.Болна сум и уморна.Во еден момент ми фали друштво, во друг, ми фали да бидам сама.Како да сум во ПМС, а прерано е за тоа
Вечерва сум многу напната и возбудена. За утре... -Што ли, како ли ќе биде! Си го напнав мозочето, нема да можам ниту психички, ниту физички да се одморам - сигурно цела вечер нема да заспијам...
Хмм,мм,хм,мм, незнам. Некако ден двоумица. Шо знам како да опишам баш ми е така денот без чуства се осеќам празно без некои побитни мисли,проблеми или било што. Не сум ни насмеана ни тажна. Баш вака , дури ова изгледа малце потажно ама така некако неможам да си го доловам изразот со зборови.
Јас денес се чувствувам одлично. Спремна сум да го искористам овој ден максимално и да се забавувам со моето друштво