преку денот све беше супер све додека вечерта не излегов и сретнав една личност и ми се упропасти вечерта да знаев да не излегував на прошетка
Малце како потресено Ненаспана сум, уморна, ме боли глава од климата, а сепак ми е претопло за да ја исклучам.А да, и црвената тетка е тука-нека ми е со среќа, наредни 3 дена ќе се превиткувам од болки
Лошо, денес е лошо. А кога се подобри се, јас сфаќам дека е навистина лошо и душата ми се кине. Животот е чуден. Ти дава лимон нели, ама не е сладок веќе. Јас сум една пуста добра душа која ако под итно не реагира ќе пате цел ебан живот. Јас имам иднина пред себе за градење, имам потенцијал, имам широки хоризонти, зошто целото добро во мене е поттиснато, зошто не знам да го живеам животот како некогаш па и од една чаша водка со лимон да се смеам до несвест, или на мир едно кафе, едно ебано кафе да го испијам без моите црни мисли кои се еднакво на некоја пуста жена на која животот стварно и е заебан. Значи имам мешани чувства кои ме јадат, буквално мирот, сонот се ми изедоја.. Сум паднала многу пати како секој човек, сум имала доста тешки падови, еве ме, стојам и не чекорам како што заслужувам! Никој не ми е крив, никој, сама сум, работата е превземи додека не си станеш сама своја робинка црно девојче. Денот мислев ќе биде прекрасен, почна со нежен повик, но работите се превртија и јас по незнам кој пат си го поставувам ова глупо прашање, и не можам, навидум се ми е ок, или бар нормално добро, ама не, јас со години и години победував анксиозност, и кога конечно стоев на нозе, без никаква терапија кога почнав да си градам соништа, почнав и сама да ги рушам. Кога, молам, молам буквално, некој да ми каже кога ќе се исплати доброто на овој свет, со некои луѓе не можам да бидам таква како што заслужуваат, а јас самата тонам се повеќе. Тешко ми е многу, сакам да сум среќна, има милион работи кои ми се собираа со месеци, за кои се надевав дека ќе се сменат или дека само си замислувам ама не е така, се е точно, и единственото решение е дека јас премногу се грижам и морам под итно да прекинам, премногу се грижам за туѓ живот кој е презаебан, не сум должна да го исправам а никој тоа од мене ен го побарал, а јас упорно се чепкам, и од кога сега, после се, гледам дека некој не ни слуша ни еден мој збор, дека некој само оди по своето замислено патче без да помисле, чекај бе, девојчето мое, со неа заедно, таа е дел од цело ова.. Јас морам да бидам јака како некогаш, животот ми беше прекрасен буквално, ми е и со него, ама јас сама се доведувам до лудило. Денот на промени мириса. Сега имам нови чувства. Нема да сум рамнодушна, не ми лежи тоа, не кај него, нема да сум ладна, ама нема да има исти зборови и исто разбирање. Т.е разбирањето мое не ни беше ценето, не гледам што би се сменило сега од кога јас нема да слушам нешто толку долго на мобилен што мене ме вознемирува а тој веќе сам си решил се, што е најлошата опција, и што е лошо за мене, а тој знае, гледа, а не реагира. Знам дека сум љубена. Го љубам повеќе од се, знае, докажав и уште ќе докажувам, тој е љубовта која секој еден ја бара за цел живот, ама мене таа љубов ме опи, а тоа не е добро. Време да чекорам со мои чекори, а не да се навикнувам на неговите.. Се чувствувам за некој степен олеснато од кога си напишав што ми тежи на срце, пошто знам дека ако свртам број, тој некој ќе нема да може да тажи вистински со мене како што би тажела некоја рандом особа тука што ќе го прочита ова. Знам дека сум тажна. Време е за Мемоарите на гејшата, секој пат кога имам ваков период од животот тоа е мојот психолог, сакам да се изнаплачам, сакам да ми олесне, не сакам туѓа тежина или тежина која сама дозволив да си ја стварам....
Се чувствувам збунето. Анксиозноста повторно ме кочи. Ме запира од остварувањето на она што го сакав, што го посакував толку долго време. Го чекав и сонував за него, а сега, обвиена во наметка од страв и несугурност, стојам здрвена. Кога конечно желбите на срцето почнаа да ми се остваруваат, јас се парализирав. Сакав друштво и момче кое ќе ме цени, убава врска но не сериозна. Сакав да се почувствувам дека и јас некаде припаѓам, да си го пронајдам своето место. Знам дека сето ова можеби на некој ќе му звучи глупаво и ќе си помисли дека сум мала и ги преувеличувам работите. Но и мојот живот не бил баш лесен. Веќе години не ми цутеле рози на ниедно поле, многу време не бев среќна. И сега, кога сето она што сум го посакувала од малечко девојче е на работ да се оствари, а се што јас треба да направам е да ги раширам рацете и да го примам она што доаѓа, јас стојам здрвена од страв. Време е да ги победам стравовите, да ги дорушам ѕидовите кои ги изградив и да се опуштам. Да ја живеам младоста со полна пареа, да лудувам и да се забавувам додека можам, да уживам во животот без обврски. Знам дека не смеам да дозволам мојот страв да ме потоне, да ме оддалечи од целите кои ги имам поставено во животот. Не смеам да дозволам анксиозноста да ме спречи да ја искористам мојата шанса, каква што можеби повеќе нема да ми се претстави. Не смеам да се задлабочам во минатото, време е и тоа да ме напушти. И не треба да мислам за иднината, треба да ја живеам сегашноста. Утре можеби и никогаш нема да дојде за мене. Како и да е, ако мислевме толку на иднината немаше да стигнеме до каде што сме сега. Прифаќам да живеам со незнаењето што ќе биде утре, но за да бидам среќна денес, морам да се изборам со сопствените демони. Не сакам повторно да се изгубам себеси во солзите и осаменоста, не смеам. Морам да бидам похрабра, морам.
Супер ми почна денот, но полошо неможеше да завршува. Под таков стрес сум, изнервирана, незнам ни јас веќе што чувтсвувам. Многу е лошо. Се нервирам, се чувствувам како без излез. Сакам да се качам на највисокиот врв, и да викам, да викам и викам. Колку што треба за да си олеснам. Вака веќе не иде. Сакам да се исплачам, да направам цела река, а неможам. Нешто ме спречува.