Убаво,само што некако ми се спие .Што убаво е времето,облачно,се надевам дека ќе заврне дожд и слатко да се наспијам
Се разбудив и уште од старт се чувствувам како претепана. Не ми се функционира, како да не се чувствувам способна за ништо. Изморена сум од животот. Баш така би го опишала ова што сега го чувствувам. Не е само очај, тага и разочараност, туку и измореност. Без волја за било што. Пак истиот круг. За момент ќе се почувствувам подобро, и тоа секогаш заради приказни кои ми даваат надеж дека можеби него сега му е подобро, но потоа пак ми се враќаат овие мисли, дека се тука пред нас, го гледаме, дека е нерационално да веруваш во нешто што науката не успеала да го докаже...А ваквото мислење ме убива, многу е болно, ме распарчува... И не знам, навистина не знам што со себе. Првпат во животот се чувствувам олку беспомошна. Што и да направам, што и да помислам не може да го смени тоа што се случи. Нема веќе никаква надеж, никаква утеха дека нештата може да тргнат кон подобро.
Потечено ... незнам што ми се случува ама изгледам како голема надуена топка Се чуствувам како некој да ме треснал по глава , и по добри пола саат расонување во кревет еве сум со кафе во рака продолжувам да го п*ујам тој што во 8 саат сабајле врти од скриен број и ми дише по телефон -. Кој и да ме је*е нека иде во *тит* зашто мелодијата на телефонот ме дамлосува која воедно сама и се менува ... (grow up) Па даааа супер ден уште од утрото :geek:
Mногу лошо, ма одвратно се осеќам, ми доаѓа добро да се очукам, да се испразнам и себе и желудникот. Кај сонував еден глуп, лош, испревртен сон со милион ликови уште фалеше една жолчна расправија на моите да ме докусури. Ми се уништи цел ден и секое чувство што ме обземаше на овој ден години наназад.
Не баш најдобро. Многу ми фали една личност, досадно ми е. А и кавгата со мајка ми ме докрајчи. Нека помине веќе периодов
Едни си се одмеруваат во убавина, други набацуваат као интелегенција, ова... секаде и пред секого само крева раменици и се повлекува.Абе душа . Целото е душа. Чиста! Да знаев како да ја создадам и уште побитно пренесам сета таа среќа што нити јас ја имам, ќе и ја внесев со инка ако треба. Бесмислен е светов, пак људите ... Мислам дека дури и со смисла да доаѓавме, пак ќе ја изгубевме некаде. Добар дел ќе се самоотепаа веднаш, остатокот ќе се посветеа на оргијање , другите ќе се продуховеа буквално. Ние и без тоа сме си такви де Пишпирици!!! ....светов може и без нас. Непотребни сме . арч. Ми недостига. Толку знам. Нешто и некој. Проблемот ми е што не знам дали е тоа доволно... ќе е доволно... дали? Ма, да ме грабнеш и смачкаш - најубаво! Иначе сама ќе се смачкам, а тоа е грев глупости. Не знам реално како да се осеќам со и покрај се’. Многу за кажување, ама ич за споделување ,,, затоа и вака звучи се’ .
после сите случки изминатиов период,конечно се чувствувам релаксирано и смирено малце иако онаа нервоза сеуште гори во мене ама во помал степен
После толку џаболебарење како да се чувствува човек? Се ми е в крај, зелено... ништо не ми недостасува. Само ми недостасува една убава дремка. Наместо да си легнам крај 10-11 и да си станам како човек, јас ќе легнам во 4-5 сабајле и ќе станам во 2-3 напладне, а некогаш знам да си прилегнам и да станам во 5 сатот после ручек. Се чувствувам глупаво, не знам како да опишам... летниов период ме изморува некако... Како што се навикнав вака без работа ко цел ден да е сабота, не знам како ќе учам кога ќе дојде 1 септември.
Па денес се чувствувам добро, само онака малку уморно, ни јас самата незнам од што, цел ден си одмарав
не си единствена јас сум бетер ќе легнам во 7 сабајле ќе станам во 4 по пладне немам обврски јадам по 1 или 2 пати на ден и цело лето немам мрднато од дома еве сега чекам ама и тоа дали ќе биде како се чувствувам денес?? нестрпливо
Чувствувам дека треба нешто да направам, а јас стојам во место. Некако, неодредено. Незнам како се чувствувам. Нема некои посебни чувства, во крајности. Ни премногу среќа, ни премногу тага. Онака,ништо посебно. Како и да е, сум била и подобро ~