Изморено, иако пред половина час станав... Но, работата е што имам женски проблеми, па навистина не ми е еден од поубавите денови...
Денеска станав порано, повеќе од 5 саати сум спиена, ама се чувствувам омалаксано, ненаспиено, изморено како да сум копала в нива, а јас не се поместив од креветот. И мрзеливо.
Занесена од сонцето, опиена од благодетите на животот и разочарана од некои непотребно изречени зборови. Ете како се чувстувам. Сепак, кога ќе размислам, што има пак јас да се разочарувам. Сите си имаме тајни, некои во себе таинствено ги негуваат, а некои пак несвесно ги запуштаат. Ама секоја запуштена и оставена на времето работа - се распаѓа, така и тајните. Колку што може еден збор ,,златни врати да ти отвори'', толку истиот може и да ти ги затвори за толку брзо време, што нема да можеш да осетиш. Баш штета. Знам дека сето ова што сега се случува, за некое време ќе биде само еден спомен, кој ќе остави несомнено траги во мојов живот. Едно искуство плус, никого нема да убие. http://www.youtube.com/watch?v=ZhRTUbv5 ... ure=relmfu
Како и секое утро така и денешново рано ми започна. Сонцето е криво. Секогаш ме бара да го дружам и безобразно ме пече и ме поти да станам од кревет. Прекрасно утро беше, зачинети со добри пријатели од далеку и со мили детски рачиња. Денес во глобала сум невидена флегма, жештинава и запурнинава ме отепуваат. Дефинитивно зимско дете сум, иако во пролет родена. Вечерва живнав малце, откако сонцето се скри и откако добив примамлива понуда Се чувствувам.... посакувано. Шалалаллала
интересно видов личност која многу одамна не сум ја видела-дури и кафе и сварив(ми дојде на работа) се зближив со типче што не ни знаев дека ми е колега од факс де а сега ми е колега му ги открив намерите на еден колага-срам да му е женет човек, а сака да си најде и девојка-за резерва де разочарана, оти сакав да видам една личност, ама ете не се појави и така