Загрижено...доаѓа септември, а со тоа и почетокот на школската година. Не стигаат пари ни за ново ранче , а камо ли за гардероба. Да пукнат старциве мои што не сакаат да ми го чуваат детето за да можам да си најдам работа а не да зависам од таа мизерна алиментација
Многу подобро за разлика од вчера вечерта, очигледно дека среда не е мој ден, секогаш нешто лошо ми се дешава.
Утрата се најубавиот дел од денот, и вреди човек да стане за нив, па макар и во ниедно време. Не дека станав заради утрото, туку ме рабудија 243552 пати, па веќе немаше поента да продолжам, макар што беше 3, и денес ќе ми се спие, ма ќе ми се плаче. Кој рано рани, цел ден зева. Сепак, сега за сега сум супер, уживам во мирот и тишината - уште малку, додека не станат другите. Интересно е да го набљудуваш започнувањето на денот. Јас го почнав со утринско кафе и јаболко (проблеми со метаболизмот ), па ми се придружи дечкото на другарка ми, пиевме кафе, и го разглабавме животоt во Скопје, во минaтото и сега. После некое време излезе комшијата по бели гаќи, со пиво и чипс. Совршен почеток на денот Батали кафе и јаболко, човекот учи додека е жив Овие другиве комшии ќе одат да возат точаци. Е тоа ти се вика карактер, на одмор да идеш да возиш точак у 7.30 сабајле! Не можам да ги разберам луѓето кои спијат до ниедно време, мајке ми. Уште помалку можам да разберам како јас тоа го правев со години Уште е тивко, ни жежи-печи ги нема иако сонцето почна да мава во глава, а водата - тепсија. Одам децата да ги будам, и да одиме на плажа. Или да одам еднаш да се пробањам додека сите спијат, а ние (јас и морето) сме сами... Второто! Мислам... шо ќе ги будам, нека се наспијат )) Имајте убав ден!
1. Како да сум спиела 10 години 2. Се каравме вчера вечер со љубовта, нерасположено за тоа. 3. Расположено дека е петок(се радувам дека ќе се видам повеќе со љубовта, а и ќе ми дојде братучетчето на гости )
преубаво... утрово мириса на дожд на свежина на мир и на љубов. на работа е тивко како времето, мирисот на дожд и кафе, звукот на баладите на здравко и безброј спомени... петок е убав ден, ме очекува долг викенд и уште подолги борби, но не се плашам знам дека тој е токму тука до мене заедно да се бориме. се чуствувам заљубено и зрело... едноствно прекрасно.
Бескрајно гордо на својот татко. Да расплачеш стотици со солзи радосници,да предизвикаш бурна емоција на силно недостигање, да оставиш забележано присуство,да добиеш признание какво што е реткост,од срце,без лицемерие кое вреди грош или два,кои се небитни,а гнасат се,кое не значи интерес... Татице,бескрејно многу те сакам и се гордеам со тебе. Едвај чекам да те направам горд татко и дедо!