Денес сум просветлена Прошетав, се исчистив во паметот. Ми помина депресивниот период. Ме примија на факултет, почнав да возам нели, и се чувствувам дека мрдам. Мал чекор, голем, помал, поголем.. Важно чекорам. Поранешното едно напред, две назад, во овој момент е само напред. Горда сум сама на себе што се борам со депресијата и добро ми оди. Фемниките ме смејат постојано, читам смешни постови. Поздрав до сите. Убава ноќ
Понесена од впечатоци, места и луѓе се враќам полека во реалноста. Можеби не е најсјајна, ама сепак ми годи. Ми фалат старите рутини, ми фали мирисот на дома. Вдишувааааааааааааааааам и издишуваааааааааааам. .. and I'm feeling goooooood
Прекрасно се чувствувам, бидејќи си станав на време, си го почнав денот со едно јако турско кафе и добра книга, си ги завршив обврските на денешната to do list и сега ве читам девојки, дефинитивно ми го доразубавувате денов.
Ми се спие ми се плаче ми се корне Девојкава на радио ми зборува за некакво си кинеско пиво и не можам да се изначудам како е возможно Кинезите да се нација која најмногу пие пиво Ја чекам мама да го допржи модриот патлиџан, шашма сум во главата, теткава си тече систем капка-по-капка, а кога ќе ми текне дека треба да излегувам за еден час, ми се темни. Се надевам бар дека вечерта ќе поминам убаво, if you know what I mean
вчера бев во Рајчица на манастир и еве до сега сум мирна како бубачка!само што влегов вчера ми дојдоа солзи сами да ми течат,си се исплакав убаво за се,и кога погледнав надвор низ вратата сонцето сјаеше точно внатре кај раката на св.Петар..неописливо убаво..сега уште сум си така 'миросана'..зарем има нешто поважно од мирот во душата?!