Никако..Ми тежи нешто на душата.И онака ми се плаче ама многу,мислам едвај и ги држам солзите. Пред да си легнам ќе си се изнаплачам да излезе се од мене
Како да скокам до небото и назад! Адреналин, возбуди, среќа огромна и таква милина извира од мене, а бе душичка сум, се топаммммм!
Грутче во грло. Се наежив сто пати Немам време да седам на форумов во последно време, ниту да читам, ама сега ова што го прочитав.....онемев. Стварно неубаво чуство. Животот е капка во океан, тоа се докажа повеќе пати. А ние дозволуваме да ни проклиза низ дланките. Глупи сме ко лопати! Можеби и со такви личности како што беше Ивана ќе научиме нешто повеќе. Ах животе...
Како почна денов, предосеќав дека ќе биде се само не добар. По цел ден главоболки, прееска и желудникот ме болеше до солзи, веста на форумов, невротичниов по дома и на нерви што ми шета, и што повеќе. Едвај чекам да склопам очи и да заборавам на денов. Ама кога ќе ми текне секој нареден сон што го сонувам е кој од кој поморбиден и чуден, ми доаѓа да си пресудам во чело. Ах леле, ах ...
Јас се чувствувам одлично..се одмарам максимално...искочив малце прошетав, па со дечкото на кратко и еве дома..планирам да си легнам уште малку да си се изнаспијам