како да имам облаци кои фрлаат тешки громови- молњи на мојава глава !!!!!!!!!!!!! но не е само светкавица БОЛКА невидена ПЛУСССССССССССС
Недефинирано. Ме зафатило некое чувство на апатија, на моменти дури и ми доаѓа без причина да се расплачам.
Кој ѓавол ме тераше се најадов па за 2 мин и едно цело чоколадо изедов, сега ми се , и на 2 мин трчам до купатило уф ќе си пукнам, барем да имаше фајде од ова јадење, џабе трошок правам
Како да ми се лизга денов низ раце. Сакам земјата да застане за момент, бар дур да се потсоберам. Не сакам времето да си го трошам чувствувајќи се вака. Само сакам некој рацете да си ги замота околу мене...
Уморно... Во 8 станав бидејки мајка ми ме разбуди со тоа што ме бакна во образот и ми рече да си ја средам собата и да си го распакувам куферот пред таа да се врати од работа инаку тешко мене.... И од 8 до сега го распакувам куферот (сеуште не сум готова) ќе одам да доручкувам и потоа пак ќе морам да се претворам во робот-слугинка и да продолжам со работата
Ден каде што немам сила ни да зборувам. Преморена сум, фиички ме боли секој мускул од вчерашното берење на грозје, а внатре, срцето и душата се спикани во неко ќош и врескаат, што ли им направи, ме уништуваш ти мене. Бедно ми е, се ми е темно, немам сила немам снага немам желба немам надеж, немам никаков план, само сакам да потонам во креветот и да го преспијам цело ова, спиев 14 часа, како пак да спијам... Не сум среќна. Имав една личност која испадна нешто што не мислев дека е, а од тоа полудувам, не можам да се поднесам самата себе...............
Миризливо. Ми мириса на нов почеток и нови предизвици. Еее, августе, си помина и ти така неприметно. Кога ќе размислам, многу работи мене неприметно ми поминуваат . Пред мене е почеток на една нова етапа, која верувам и се надевам дека ќе започне добро. Баш се надевам. (смајлиштостискапалци) Вчера бев сведок на еден настан, при што увидов колку само луѓето можат да бидат површни и ограничени. Ограничени до толку, што не гледаат ништо подалеку од својот нос. Жал ми е, стварно ми е жал, а животот е толку убав некогаш што греота е да бидеш така умствено ограничен и да гледаш на работите само од твоја гледна точка и ничија друга. И да. Држи логика.. My brain during the day: Potato, potato, ching chong tomato My brain at night: I wonder why the Earth was placed exactly here and allowed us to provide a perfect climate to sustain human life.
Уморно. Ништо од попладневната дремка ( ме вознемирија за пес'чето ) Сега се одмарам со добра музика, и ќе се спремам за Пивофест
Тажно, срцето и душата м пукат, незнам што да правам и на крај сиот бес и лутина итага ќеги истурам на некој ни крив ни дужен.