Не знам што ми е, веројатно е до времето, ама ужасно лошо се чувствувам веќе речиси две недели. Имам страшни главоболки, а многу ретко имам вакви проблеми. Се чувствувам исцрпена, а спијам по 8-9 часа, што со години не ми се случило. Сабајле кога се будам, се чувствувам како да ме прегазил камион - не можам да мрднам од место, како претепана сум. Еве и сега страшно ме влече гравитација, уф како би си легнала!
и мене веќе две недели ужасно ме боли глава многу расправии стресови и кога си легнам заспијам али коа стнам пак ме боли глава ужас а и до времето е од кога не е билотака убаво сончево па малце на кафе на прошетка ...
А да си ја провериш крвта? Можеби си слабокрвна според ова што го пишуваш. Јас ги имав истите проблеми, постојано чувствував умор и потреба за спиење кога бев слабокрвна. Ако не си правела во скоро време анализа на крвта, ти советувам да си направиш проверка на хемоглобин, серумско железо... Земи си некои витамини и минмерали (олиговит или нешто слично) вака на пролет убаво е да се пие нешто дополнително, организмот можеби ти е само истоштен од зимата и од недостатокот од свежо
Релаксирано и опуштено, иако сум уморна од вчерашното патување... се ми е онака рамно, не се замарам со ништо... малку стомачето ме подболува, ама фала Богу, веќе менструациите не ми се болни како порано... и сега сум во дилема - да излезам или не?!
Се чувствувам како да сум затворена во ракета-, која само што треба некој да ја лансира. Ме уби ова време и овој затворен простор.
Одлично и покрај досадниов дожд. Бев со мама до Тинекс на мега шопинг и си купив нов шампон од Лореал, со мирис на алое вера, ептен ми праи мерак. Дремам на нет и пијам газиран отров После ќе си мјаукам со љубовта по кревети и ќе си глеаме тупави серии
Zа разлика од Шилеа што дождот ништо не и може..мене и тоа како ми може...не сум јас за сиви облаци и дождливи улици..мене мерак ми прави сончко ама некако ме избегава овие денови Па според времето не се чувствувам баш хепи,малку сум депресивна поради недостаток на светлина и одмор,цел ден се мавтам над книга Главата ме боли страшно што дури и миризбата од свеќичката ме удира во глава и ми ги затнува ушите од болка Си се мразам себеси кога сум ваква...а па можам да замислам колку другите ме мразат...ама ако нека ме трпат не е моја вина до времето е
Смрзнав можеби смешно за вакво време,ама ладно ми е,џабе ми и да се наоблечам па ми студи,ах едвај чекам лето да дојде,да се затопли,па и 50 степени да има,немам проблем ке издржам,а вака ладново неможам да го поднесам
bas e ubav denot eve jas si sedam na kompjuter si pijam vbelo vince si jadam tortici i si uzivam dodka mojata tkozvana ljubov spie na torsed i si hrka))poubavo zdravje
денот ме исполнува, онака убаво се чувствувам...нежно е сега малку ме боли грло ама ајде ќе се напијам чајче и може ќе помине
Па денот ми беше онака....средно....времето ми годеше си се излежував цел ден дома на топличко и онака имав добиено мевот ме болепе неможев нигде да излезам...па така подобро ми беше кога знаев дека сите седат дома не само јас Да се надеваме дека наредните денови времето ќе биде подобро и ќе прошетам негде зошто знаете овој свет од 4 зида ме излудува!!
Поспано,изморено,чудно... Денов почна со смеа,потоа ми се приспа,почувствував енергија која морав да ја истрошам и излегов надвор,кога се вратив се разочарав и сватив дека можам мнгоу повеќе и не попуштам,сега многу ми се спие и се чувствувам некако празно... Променлива сум како времево...