Па со оглед што не сум спиена добро, станата сум рано за на школо, малку сум изморена, испотена и без енергија, ама во секој случај добро е. Ни ги дадоа книгите :geek: ама секако нема да се почне со учење од прв ден, да собериме сила прво.. Школски расположена.
Се разбудив со грижа на совест дека не ми е доспремен испитот за во среда..дури и го сонував професорот дека ме критикувал..ама тоа ми стандардо понеделнички почеток..ке биде подобро,сигурна сум!
Денес се разочарав и се чувствувам изиграна, излажана ..не знам зошто луѓето ветуваат нешто што не можат да го исполнат
Малку поспано али сепак сум си среќна и расположена како и секогаш некој треба да е стварно идиот за да ме орасположи
Расположено,но сепак лошо.Имам вртоглавици по малку,нонстоп ми се спие,како полужива се осеќам.И многу киселини имам во желудникот не можам да поднесам веќе.
Депресивно,грдо,нерасположено.Сакам да го искажам тоа што ми лежи на душа а немам кому.Сакам некој до мене да застани и да ме ислуша а нема кој.Толку прашања,толку неразјаснети работи ми се вртат а немат кој да ми ги објасни.... А Тој...тој беше толку ладен денеска од не знам која причина се понасаше така...И најголема кривица ја има Тој што денеска се чуствувам вака...или можеби не...не знам....