Искулирана... До тој степен што си мислам дали ова сум јас онаа особа која до пред некое време да ми се случеше ова вака со Тој сигурно ќе се заклучев во собата и ќе плачев една недела ако не и повеќе. Денес гордо си заминав засекогаш од неговиот живот, но денес до мене седеше човекот кој и 5мин да ги има ќе ги помини со мене а јас сум секогаш за него кралица. Е тој е оној момент што цел живот го посакував да и се деси на секоја една жена па најпосле и мене. Ве сакам..
Како да сум се алкохолизирала ноќеска па до рано утрово . Изедена, прв пат летово толку многу, од комарци. 1000000 мисли ми се врткаат низ глава, ниедна стабилна. Би требало сега да го зграпчам денов, ама јас би радо да си зграбчам некој кревет...
Супер, опуштено, смирено, утрински весело ... Чекам другарките за утринско кафе, да размениме некој муабет и како што е ред да шетнеме негде
За некое чудо - се чувствувам наспана. Убаво ми е вака кога имам цврст сон, па само со неколку часа спиење, се чувствувам одморена.
Интересно се чувствувам...Стандардно ненаспана, среќна заради некои луѓе што ги видов денес, а сепак тажна заради некој со кој морам да се соочам утре.Mixed feelings како и секогаш, ни сама себе не можам да се разберам
Одлично, наспана, одморена, цел ден се смеам, полна сум со позитивна енергија. Работите кои ги средував од сабајле не ми влијаеа на расположението, баш напротив, се чудам на мојата самоконтрола и смиреност при такви стресни работи во последно време... Браво за мене!
Епа...Малце чудно...Запоставено,ама сепак среќно и задоволно од една страна.Измешано ми е се.123456789 емоции во исто време.Незнам како да ја дефинирам состојбава моја
Добро си се осеќам Станав малце порано, денот го започнав со средување на мојата соба, преуредување на мојот плакар и фрлање на старите работи, и на крај сфакам дека немам што да облечам, мора под итно на шопинг
Велат по утрото денот се познава, п аако е така супер би требало да биде еве уште утрово добро ми тргна се расонивц па дури направив и една мала генералка во мојата соба и баш добро ми дојде утрово... некако ми е исполнето со позитивна енергија, среќна сум одморена одамна се немам почуствувано баш вака