Истоштено. Пута 2. Само нека помине, нека немам чуство дека секој момент срцето ќе ми излета низ градиве. Напорно е жими све. Плачам од мака и не знам што да праам. Поизгубена и послаба не сум се чуствувала никогаш. Ако некој ми мавал клетви, само да оздравам ќе види убаво, му ги е*ав прозорите Сега сфаќам дека ако немаш здравје, немаш фактички ништо. А толку работи ми се укочија сега...абе. М! Шала на страна, мачно ми е и тажно моментално. Мозоков не ми процесира ништо друго освен како да излезам од турбинава што ме зафати деновиве
Можам да речам среќна Премногу ми фали блиска другарка во америка премногу сега и пишував добра е добро и оди и во школо и во друштво , живот да се надевам дека ке се видиме до на лето
Душата ми смрди од што се’ околу мене смрди. И сакам да променам, и сакам да испоцртам нови, свежи, шарени цвеќенца и виножита.. ама насекаде... кон каде одам.... секаде од каде заминувам, ама!!! и нечу због козевски инат. И затоа ми смрди душата пошто ми смрди под носот... И да! До стапалава е. Погрешни места. ...минуваат, остануваат, заминуваат. Се’ погрешно. Ќе мине! Ко на кутре. Кутрето ми прдна во рака - најпосебно весел момент од денов, еј цц
Пресрекно одам да го видам моето сонце после некое време сите маки и проблеми ги заборавив во овој момент како да не ни постоеле
Ми се плаче, не знам што да правам, неодлучна сум.Знам дека избрзувам, знам дека ги преанализирам работите, знам дека претерувам.Не смеам пак да го направам истото, не смеам да ја повторам истата глупост.Посакувам барем да имаше некој што ќе ми каже што да правам, а нема...
Не сум воопшто добро. Преовладува негативноста со мене. Каде се изгубив? Каде се изгуби она среќно девојче кое сакаше да има еден lemonade stand со неа, па да дели бесплатни лимонади низ град? Каде отиде сета позитивна енергија? - Очигледно во неповрат... Алтруистичката настроеност во последно време, резултира за жал со такви гадни последици, што не сакам ниту да помислам што понатака... Сонував, мечтаев и добив. Сега веќе нема. Реалноста си тропна на вратата. Премногу работи за решавање - а премалку волја ... За жал. А толку убаво почнав. Знам, муабетов не ми држи логика, ама пак и што од тоа... Од утре се подобрувам. Си ветувам!
абе растргнато натака навака, околу школо некои обврски, дома, другарки не можам да си седнам на раат едно кафенце да си испијам пред компјутер, насабајле ако ништо друго а и плус некако сум, незнам не сум трогната ама ме стопли една фина вечерна порака
Денес се чувствувам исцрпено, како фломастер кога е при крај а некој упорно се обидува да шкрта со него, исфорсирано, истрошена сум до максимум. Причина за тоа е напорниот викенд, т.е. споен викенд. Активностите за мене започнаа во четвртокот, а ќе завршам дури во понеделник. Поспана сум, изморена, ме боли главата од се`, морам да земам здив за да продолжам со ова темпо. Потребен ми е одмор, психички а и физички богами, имам цели 7 часа на располагање и планирам да ги потрошам на себе и своите потреби. Се надевам дека утре ќе се чувствувам подобро!
Лошо, многу лошо. Ноќва благодарение на некои феминари* се расположив, дури се смеам. Неверојатно Регуларно ми треба партија спиење, ноќва е исклучок * зборот феминари е употребен бидејќи во 4 саатот имам дефицит од зборови сакав да кажам женски феминки ама и машки феминки Како и да се викаат..
Се враќам во детството кога се одлучував да не спијам по цела ноќ и да успеам да не се акам од секое можно ќоше во куќава поради недоволно спиење. Само што сега нема да успеам Ех, што ти прават годините (како звучеше ова, како Бабе да ја цитирам )... само кофеински шок ме спасува што подразбира огромна шолја филтер кафе без шеќер и без млеко. Отров за глувци де. Се чувствувам весело поспано. Тоа ми е една состојба кога ми се спие, па се‘ живо ми е смешно. Ви се смеам. Нели сум убава?
никакооо...се е досадно, нема што да се прајт низ дома, а кога ќе помислам утре сум нашколо морам да земам тетратка и да пишам домашна работа...уф досадно е..ич не ми се ојт на школо па убаво ми е на компјутер и шетање а вака на школо е досада. :'(
Изнемоштено, ненаспано, иако спиев 10 саати. Тоа не беше мирен сон, тоа беа кошмари. Еден по друг. Па будење со големо срцебиење и неможност да се смирам. Чувствувам потреба да отидам во црква и да запалам свеќа. По се изгледа, повторно имам период на кошмари. И буквално ми е страв да заспијам.