Смотано... мнооооогу смотано. И тажно, токму поради смотаноста. И безнадежно. И речиси, повеќе не постоечко.. и неповратно загубено.. повредено.. А најмногу од се - ВИНОВНО!
Лошо, ноќта ми беше лоша а и денот така ми започна. Цела вечер не успеав да заспијам, дали од виното или од нервоза, не знам. Напната сум, со кој и да почнам да разговарам, разговорот ни преминува во караници, и завршува со лутење од моја страна. Среќа што имам толерантни личности покрај мене и се навикнаа на овие мои испади. Не можам да се поднесам! Лошо, многу лошо.
Прекрасно. Будење со звукот на дождот, доручек ме чека на маса, а на радио лајт песнички. Уште едно кафе ми недостига