Супер, среќно, смирено. Се радувам на викендот што ке ги видам оние што најмногу ми недостигаа, и роденденот а другарка ми. Едноставно се радувам
ми се плаче но не можам.како некоја грутка да ми застанала и ме боли но не можам да плачам а би сакала целата мака да излеле од мене.
Малку уморно до предмалце но добар туш и одма си како нов... Сега располежена благодарејки на времето кое што си го посветувам секој ден на самата себе
Ех што ме мава еден немир , што ќе да ме мачи . Љубовчето е до мене, друго нема што да ме вознемирува, испитите ќе да се . Некој почетокот го мачи мене крајот. Имам уште малце, потсвесно ме мачат, постојано напната, стегната ужас. Друга ствар што ме мачи, се правам планови на долги релации- абе пушти тоа мозочето и кулиркај си, незнам што ќе се случи утре, а не па после една година . Овој пат пмс го издржав дури и не осетив момент на лудило , чудна работа откако ми помина ме фати - ЖЕНИ !!! Него да одам да си легнам до сонцето, да ме опушти
Како може човек да се чувствува кога во 7 саат сабајле ти дошле гости,и се слуша на мајка ми по природа гласниот извик: Ти .... какво кафе пиеше? Ама сакаш инстант или турско? Шеќер на тренд или ...? Млеко може? Врвот е тоа што жената се трудеше тивко да зборува,демек да не не разбуди,ама кога природно си викаш тоа е... Ама нема врска... сега бар ќе се фалам дека една сабота сум станала во 7 ипол Значи чувството е поспано,и некако безвезе... незнам дали ради времето или ради фактот што вчера вечер седев дома,ама како и да е,не е убаво...
кога сонце грее плачам,со солзи да го испратаам,а кога врне јас се радувааам,да огрее очекуваам се надевам дека ја погодив
И убаво и гадно, ова крајнициве од кожа ме вадат како гадно ме болат, кој те тераше да јадеш сладолед вчера лудачо една
Лошо, многу лошо. Некако депресивно. Немам кому да се истажам. Некои од моите најблиски се извор на моево денешно (а богами и изминативе неколку дена) расположение, други пак, си имаат сопствени проблеми и нервози, не сакам да ги оптоварувам и со моите. Ми се плаче, но не можам да заплачам...голема грутка ми стои во грлово...