Шознам.... чудно. Не е лошо, со оглед на времево. Ама како ме мрзи тоа бизнисот да го отварам. Не дека ќе учам, ама некој треба и ливчиња да направи. Туф...
Мнооогу изнервирано... 100 % на лева нога имам станато сабајле... Од што се нервирам дури и ми доаѓа да рикнам да плачам цел свет да ме слушне...
па со оглед на времево дека е вакво (декемвриско) ,никако ... ме боли глава , во ПМС влегувам и некако на цел свет сум љута , на секоја ситница се нервирам ... незнам што ќе е , дали до промена на време ...
Нервозно се чуствувам,некако се ми пречи,а и ненаспана доволно и се ми е некако наопаку,ми е смачено од некои работи и тоа нервоза ми ствара
Нешто не сум во форма.Не сум нервозна те сум,ама не нервозна,нервозна,туку лута,бесна на некого...Плус,пак се разболев...денов ми е отиден по ѓаволите од самиот почеток...Лошо сонувам во последно време и не се чувствувам наспано. Ми недостигаат некои луѓе во животот,а од друга страна пак ме мрзи да направам напор да го променам тоа.Некако удобно ми е вака. Морам да се реорганизирам и конечно да пристапам кон нешта за кои одамна се канам да ги направам. Пролетва целосно ме исцрпи.Немам енергија,имунитет катастрофа,алергиите ме смачкаа,се што ми се прави е лежењето. Вечер има фудбал...значи мразам фудбал.Немам против кој што сака нека си гледа,ама не сакам да го трпам јас споредниот ефект,ако не го гледаш,го слушаш да му се невиди.Уште сега си се жалам за летово... Се фатив да сработам некои глупости,споро ми оди,ме фрустрира,не ми е најхитно,ама не сакам да ми седи така...што поскоро си завршам,толку подобро за мене подоцна...и така...Сепак требаше овие два дена навистина слободни да ми бидат,а не да се трудам да правам нешто...
Мизерно.. и јас како Лилит се чувствувам нервозно и некако сум лута на самата себе а неам поим зошто....овие денови ме мачи главата и имам несоница по цели ноќи неможам да спијам како на штрек сум ....и вака неможам да функционирам...како што сум типичен овен и сум постојано во движење дури и мајка ми се загрижи зошто сум толку уморна...стварно го мразам времево,мразам што сум некако неорганизирана и што ме мрзи да си ги завршам обврските,ми требаат екстра пари а немам и ми се иде да ограбам некоја банка и така сакам да идам да се издерам некаде или на некој и да си свиркам после..и времево ако не се оправи ќе се материјализирам како Хари Потер на друг дел од планетава и ете така си се чувствувам
Аууу, метеоропати Сите како времево тмурни. Таква сум и јас, болежлива, малце размрсулавена нерасположена...
Значи не сум била сама лута на цел свет. Да си се утешам малку, пошо се загрижив за момент, реков паднав во депресија, ама не било до мене... Грдооо е времевооо
Задоволна сум од животот. Се сликавме колегијално, си јадев убаво ручече, си купив нова сива блузичка од Теранова, сеа си пијам топло нес, и се спремам за кај љубовта на заедништвување И покрај тоа што ме измрцвари еден час на факс, поради неизбежната иронија и цинизам на една професорка, сепак сум ок. Само сфатив дека, оние професори кои не доживеале родителство, никогаш, ама баш НИКОГАШ не можат да бидат добри педагози.
Па , подобро е живнав малце после школово , ми дојде подобро .. музиче на глас , Шехерезад , бандини ..... Иако .. си се смеам како будала во монитор .. и така женски Те сум нервозна, љута на сите , те сум среќна .. незнам до што ќе да е
podobro od vcera,toa sigurno, no sepak ne sum "super" kako sekogas. zasega zadovolna sum so ova raspolozenie
Прво бев супер (дури и чудно поради ПМС-от). Па се изнервирав заради глупави некои професоришта. Е ај де нека игра тој балет! А не може, а?! Па нормално дека не може. Набил стомак со пречник од метар и ќе ми го истопори додека ми попува. Ама ми се крена расположението попладнето (и покрај катастрофалново време) со голи рамена и нозе.... Ех...
Успорено,како во некој slow motion филм сум цел ден и никако не ми поминува.Се раzбудив како претепана,без грам енергија,се` ме боли и цел ден се влечам.Целата сум како хипнотизирана,мастикава како навиена ја џвакам и не ми паѓа на памет да ја плукнам иако имам ужасна главоболка.Ете ти еден мазохистички момент на мојава летаргична расположба. Али и ако ги отфрлиме и занемариме бабскиве се`_ме _боли муабети,ситуацијата не е баш розова,а и како би можела да биде кога воопшто нема сонце.Ако нема намера да се затопли времево,барем нека не информира за снег да се спремаме,вака е ужас. Сонце не ме грее,сонце каде си тиииии..... Со најискрена надеж дека конечно ќе се појави...(не тreба да се сфати исклучиво буквално) Рената малку подзабегана
Преуморно..не сум спиена ни два саати како што треба од не памтам кога. Деновиве ми се се ко еден. Со почеток без крај...
Поспано...многу поспано...не знам како станав сабајле Денес изгреа долгоочекуваното сонце..па најверојатно ке биде добар ден