Осамено,потиштено. Уплашена сум премногу. Немам другарка на која би и се доверила. Неможам да зборувам ни со моите дома. Можда и слободново време неубаво ме прави да се чуствувам,немам што да правам и само размислувам за проблемот. Тој не ме сваќа и само ме нервира,не ми дава време да се опуштам и проблемот да исчезне. Толку е малоумен што навистина не знае кои се битните работи во животот〓 здравјето и нервите се едни од нив... само сакам се да помине...
Пред се уморно и многу нервозно.Веќе долго време се се насобира во мене... А денес при еден нормален муабет со мајка ми наеднаш почнав да се нервирам нагло,да се трескам,да ја врткам косата,и наеднаш кога рипнав ја исплашив мама.Почнав да викам прво а не зборува,ама она бидејќи не разбра што ми е (а не разбрав ни самата јас) продолжи да зборува и јас почнав да се дерам колку што можам и наеднаш кога фатив да плачам...така не сум плачела мнгу одамна...липтајќи останав со саати,колку што ме држеше гласот толку плачев...
Као на море! Баш! Имам една корпа со школки над креветот,па некако сум ја пернала у сон,коа почнаа да ме чукаат по глава, мислев бран некој ме зафати. Ај добро доцно утро! Домаќински сум пазаруела убајни. Си чекам сукани пити,една блага,една солена. Мајка ги заправи, ох,ох,ох! У едната има ЦИМЕТ пошто е со јаболки,а у другата има КАРИ, мх, пошто така треба,а може и нема! Повелете на каве!
Болно нерасположено....не ми се станува од кревет,а морам Утрово првото утринско кафе го заменв со шолја чај...
Ноќва сонував преубав сон како најголемата животна желба во љубовта да ми е исполнета, а кога се разбудив сега имам чувство на жал дека тоа никогаш нема да ми се оствари и во овој момент посакувам сонот да е јаве, а јавето сон. Ете така се чувствувам
Денот се уништи Малиот прст ме болииии, го лупнав ... до срце ме здоболи. Сега ко крива шатка се движам
Се разбудив со ужасно чувство на вина, имам грижа на совеста. Или според моите постапки, би се запрашала, дали воопшто постои совест во мојава глава? Небитно, важно е што моето расположение оди во нагорна линија, имам неколку часа да се соземам и подготвам, и верувам дека ноќта ќе се покаже во подобро светло од денот.
Бесно, повредено, лошо, ужасно, предадено, или со една општонародно позната изрека, како последното дупче на свиролото.....
Убаво. Иако имаше нешто што ме изнервира... отрпната сум веќе на вакви глупости. Ќе помине и тоа... Баш сакам секогаш да сум ваква