папсано и преоптеретено со мисли (немирен сон ) тежок појадок(макарони со јајца и лут кечап) и пак желудникот произведува звуци (кркори ) а не сум гладна
Подготвена сум за многу исполнет ден, планирам да ја совладам уметноста на дишење низ една ноздра. Исто така ќе тренирам колку подалеку можам да искивам некое мрсулче. Навистина напорен ден. Море од дома не излегувам, не дури не заличам пак на човек. Дотогаш, ја активирам фацата за гледање низ прозор:
Ќе кажев, ама не сакам да бидам вулгарна. Близу катастрофално, како со комбајн помината, море со три и плус еден трактор. СЕ МЕ БОЛИ! И само си дремнувам ко старите.
Море прилично изнервирана и сега викам по кого стигнам, а чувај Боже некој нешто да ми пререче и да ме праша. Не знам што ми стана, обично си кулирам, посебно во вакви безначајни денови... ете така ми тргна, без посебна причина.
Убо, баш лепо Периодов сум нешто ептенски среќна, не знам зашто Си го светнав станот, изрибав под, истресов теписи, си направив 2 ручека,садовите сите ги измив Нешто сум многу вредна во последно време, а тоа ме прави среќна и расположена. Не дека јас па и не сум, фала богу сум многу расположен тип на човек, сакам позитива, и да давам и да примам