Чудно...Неможам да се сватам себеси...Во еден момент сум среќна до небото и назад,во друг ми се плаче,во трет ми се спие,па пак среќна,па тажна...Се измешано,се... :wink:
Безнадежно, апатично, грдо, скапано и одвратно, ем плачливо во првата половина од денот; насмеано шеретски, среќно и еуфорично во втората... да видиме што ќе донесе вечерта.
Нервозно, и тоа за глупости, па мојата нервоза ја пренесов и си се искарав со луѓево. Ама сега ми помина
Некако бездушно се чуствувам сега во овој момент како жив мртовец како дух, смачено ми е некако баш од се .........неможам да плачам,заборавив да се смеам,едноставно како да не живеам.....Се прашувам до кога вака?
Онакво утро во кое се будиш скептично,а потоа го фрлаш цел превез на сомнежи и стравови и се чувствуваш баш како ти некогаш. Супер е основата да ти биде добра,а да имаш осцилации кон грдоќа. Се чувствувам храбро, повторно јас. Во борба,во борба,во бооорба! Се чувствувам многу,многу,многу слободно и лесно! Оооооо! *извик на среќа*
Фино. Добро. Очудено. Ќе одам на изложбата на Корубин, па после на промоција на Цаци во МКЦ. Уметноста да не е, ќе си пукнам ко неквалитетен кондом.