Како пијана Цел ден ми се врти и ми бега тлото под нозеве и само гледам да си седнам и да си легнам. Белким ќе издржам до вечер
Се беше добро, прекрасно... додека не дојдов дома Како по обичај се испокарав со мајка ми и сте убави моменти од денот ти пропаѓаат у вода и ти се заменуваат со нервоза
Индиферентно, на моменти мизерно, со 2 кила плус и вишак на енергија. Книгата на пола прочитана, веќе 2 дена по ред препрочитувам една иста страна. Собава хаос исто како кај мене во глава, а ме мрзи да ја зачистам. Симулакрум левл 1000. Мака ми е од крекачи околу мене, животонељубимци, намрштени фаци, сликачи на јадења и ванаби створења. Тужно ми е и мачно ми е. Не сакам да ве гледам покрај мене, ми јебете ден просто речено. Испарете, телепортирајте се, исчезнете или шта год, само да не ве гледам у моја близина. И да, мизерно е кога ќе ти текне дека уствари немаш со кого да го поминеш денов. Сите стануваат cure cancer пронаоѓачи кога ќе ги викнеш макар на една проста шетња со кучето низ градски. И така јас денеска ќе си се затворам измеѓу 4 ѕида и ролетни ќе затворам плус, нели за тотална изолација од сонцето и од сите убавини што се нудат. Баш штета, денов беше лепота. Е беше, де.. ... И тука завршува постов, многу работи изумив да спомнам, ама нема врска пошто најнормално, никој не го ебано интересира.
Нешто ми се превртува во желудникот.Не е храна, некое глупо чувство е.Мразам исчекување, многу е исцрпувачко
Хм, некако како да не сум сигурна во ништо, денес не сакав никому ништо да згрешам но преку глава ми дојде од се! Сега мама ме смири со нејзините долги пријатни разговори. Секогаш кога зборувам со нејзе добивам поголема мотивација за мојата подобра иднина. Ги сакам разговорите со мама, тоа ме опушта, пред се бидејки знам дека нејзе можам се да кажам без да се плашам да не чуе и некој друг! Таа е мојата најдобра пријателка и човекот кој ми го разубавува денот! Па, сега се чувствувам многу подобро! Сега ќе спијам мирно по напорниот ден!
Искрено незнам .. Се ми е катастрофа! Дали е ПМС можеби, дека деновиве треба да добијам или нешто друго. Се постојано само се нервирам.. се мислам на најлошо.. Искрено незнам што ми е воопшто
Се разбудив у 4. Можда беше и порано. Трепкав у темницата до кај 5. Пуштив телевизор и.. ќе развивам идеја. Као. Попатно развив стомачни маснотијќи. Прождрав што не, ама идејата затоа, у глава е. Ехе.Има ли побезбедно место? - Секако. Туѓа глава. Еден ден има да експлодирам.Порано не беше закана. Ама, сега веќе, мислам да сменам тактика. Знам само дека мозокот ме чеша, ме убива од што му е тесно тука... некаде и никаде. Уште не открив каде е тоа тука де. Секаде ме чеша. Не знам дал вреди да се збори. Да кажам-да не кажам. Свинг ис д’ риал тинг. Јеа! Да речам, ко увек... мада бев каде-каде поарно еднаш, одамна. Многу, многу одамна. Абе, вејка! Сакам и надвор, сакам и внатре. Сакам и исток, сакам и запад. Сакам , сакам..се’ си сакам. И, ок. Ќе си речеш, и тоа бидува, и така бидува. Али не коа ги сакаш истовремено. Има да згрешам знам. Ама, не сега, не се’ уште. Чувствувам. Премногу.И сонувам. Ама, ништо од тоа...