Изморена сум психички а во исто време и посилна од било кога до сега да продолжам да се борам. Исплашена сум, осамена и ми треба прегратка. Толку меланхолично и безпомошно а и болно бидејќи неможам да покажам.
незнам ни самата на некои моменти сум среќна,на некои тажна незнам ни самата многу чудно се чуствувам
LOSOOOOO ZATOA STO VO OVAA NASA MAKEDONIJA NEMA NIKAKOV ZAKON ZA SAMOHRAN RODITEL? NEMAME NIKAKVI PRAVA OSTAVENI SME NA MILOST I NEMILOST
Ретко пишувам, не знам зошто. Најчесто имам отворено по 4-5 таба во исто време и ќе ме испровоцира нешто да пишам, ама ај си викам прво да исчитам тоа што ме интересира па после да пишувам. Ама, никако да пишам. А цел форум наопаку го имампревртено од читање. Иначе денеска се чувствувам ко сра*е. Синоќа си легнав во 100 саатот, а сабајле морам да станам во 6 за на работа . И ме боли палецов на деснава нога, ко некој плускавец да ми излегува и грозно е чувството . И не ми се отвара уста, а таква ми е работата, не треба уста да затворам. Допрва понеделник, ами каде е петок ? Ах, леле...
Ооооооо до кога ке се однесувам како лудача со овој глупав ПМС се мразам самата себеси кога сум во пмс
Само шо прочитав како да ги ублажам моиве симптоми на ПМС. Па не ми е проблем да споделам со Тебе, повели http://www.zdravo.com.mk/kako-da-gi-ubl ... te-na-pms/ и се надевам - ќе ни помогне.
денеска ми се плачи за некои пропуштени шанси кој ке ми го сменеа животот за 360 степени на назад ама нема врајчајнееееееее
Ти благодарам многу веднаш ке го погледнам зошто се однесувам како ненормално суштество незнам кога плачам кога се смеам и кога сум среќна а кога бесна...Благодарам
Ако некој ме праша како се чувствувам, не само денес, туку подолг период, најверојатно нема да одговорам искрено. Впрочем и сама не сакам да кажам гласно, не сакам ни да напишам, ама морам некако да се испразнам, да расчистам, по не знам кој пат... со самата себе. Јас се чувствувам растргнато. Не само заради песната која ја слушам деновиве.. па имам потреба да драматизирам, како по обичај. Реално, така се чувствувам. Баш растргната. Од една страна тој е тука. Во било кој момент да го викнам доаѓа. Ако му кажам – „Оди“, навистина и си оди. Ме слуша. Можеби и ме засака по малку.. нема да речам се заљуби, зошто тоа е многу тежок збор, а и да бидам искрена не знам ни дали сакам да заљубен во мене. На момент, се навраќам на моите некогашни желби во врска со него, кога се ова што го имам денес, го барав претходно. Знам, дека имам таква сила да го привлечам баш она што го сакам, но секогаш тие желби се исполнуваат по некое време, и баш тогаш не знам дали веќе некогаш сум го сакала. Знам, изгледа како и да не знам што сакам. Можеби е и така. Но, барем знам што не сакам. Од една страна мислам дека можам без него. Дури на момент и ми смета постојаната близина. Секојдневното гледање со него. А иронијата да е поголема, кога не е тука, на момент и ми недостига, што навистина ми доаѓа да се запрашам – „Што е проблемот со мене?“ Можеби, ме убива грижата на совест, проклетото Супер Его, оној полицаец кој постојано ме предупредува дека тоа не е во ред. Дека со таквата моја среќа, ке унесреќам многу луѓе, особено оние кои ме сакаат. Но, дали тоа е во ред. Дали, ако нистина ме саакаат, не може да се среќни заедно со мене, да бидат исполнети, само заради тоа што и јас се чувствувам така. Човек од контрадикторности, истовремена мешавина на мраз и оган, сонце и дожд, вода и масло..и што уште не.. Оксиморон! Не знам за умереност. Или максимално се препуштам, не грижејќи се за никого, на момент. Или постојано се обвинувам дека градам среќа на туѓа несреќа. А јас, јас не направив ништо погрешно. Само слободно засакав човек кој е слободен. Само поразличен од мене. Од нас. Не се поклопува во рамката, за успешна иднина. Која на овие простори е скоро и неприфатлива. Но, искрено дури и на Марс, мислам дека не би ми одобриле... До кога вака? Како ќе откријам што навистина сакам јас, што чувтвувам, ако пред тоа ги ставам потребите и желбите на околината, па макар и најблиската.