Веднаш штом станав си ги осетив благодетите од оваа звездава што ни дава живот, енергија, воља... Значи денес му се насмеав на денот, тој ми намигна и си се договоривме дека ќе си поминеме убаво, исполнето, работно, а весело времеее И да..... лачам ооогромни дозии серотонин Фала ти сонцееее
= живот , очекувам остатокот денот да ми помине убаво , исполнето , со насмевка , како што ми помина оваа половина од денот ( иако пола од оваа половина спиев ) .. и така
Леле се пресмеав денеска. Еве ваква бев цеееееееееееел ден. Неспиењето си го прави своето во комбинација со теткицава. Прекрасно се чувствувам. Си се обожавам бе!
Денеска сменив триста чувства... Сите можни варијанти ги пробав...ПМС от е главниот виновник... ќе пукнам више !
Паааа, имав напорен ден неочекувано, така што ни физички ни психички не бев спремна за да ги реализирам сите обврски кои ги имав. Едвај стигнав дома, ми падна шеќерот, а јас се чувствував како да лебдам, не ги осеќав нозете! Утре истото ме чека...
не знам, онака ОК, се шетнав, а пак се осеќам како да сум била во затворено, ми треба малку психички одмор, да се средам, периодов ме дотепа, а и главоболката си го прави своето
Истоштено. Ко да ме тепал некој. Значи, нема полоша работа од тоа да сте метеопат. Ме боли главата, ми се лоши, не можам да мрдам. Испив кока кола и сега ми е подобро. Ќе си наполнам када со некоја купка и ќе дремам во вода. Ми треба мир и тишина. Денес, после долго време, ја сфатив пораката на мојата таи чи чуан инструкторка - кога си ги чувате чакрите затворени и полни со љубов, надворешниот свет и дразбите од него, лесно можат да ги отворат и истрошат, ако не внимавате. Епа тоа мене ми се деси денес. Спиев кај љубовта, и од гушканции и топло креветче, излегов во 9 саат за на факс. Ме утепаа ауспуси од автобуси, турканици од луѓе на станица, време ни сончево, ни топло, гадно чувство под нозе, коли што свират и општ хаос. Градов е грозен некогаш! А неговиот кревет е толку топол. Уф, ми треба сега една масажа и чистење на мозочниве клетки од гадости.
prekrasen den ispolnet so smea ama na krajot tazno i se kaam za toa sto mu go rekov na mojot drugar i go navrediv i grizata na sovest me jadi zs sum i troa zaljubenka vo nego
Што ти се случило ЛаФиј? Инаку денес сум хаотична поради обврските, и поради тоа што не секогаш работите излегуваат по план. И сега се чудам што ќе правам. И конечно малку сонце за промена. Е сега е пролет!
Прекрасен е денот денеска,сонцето огреа....прекрасен ден за прошетка....ајде луге одете сетајте а не да се заклучувате дома!!!!!Поздрав!
еее денес е мој ден ... сите работи завршени за денес сега време е за планирање на остатокот од денот