Се чуствував супер ,но откако дојдов во дукан се изнервирав прво ми снема интернет потоа мораш се да трпиш но сега во моментов јадам чоколада и се смирувам се надевам дека денов ќе ми биде убав
24 часа неспиена, нејадена и цели 24 часа со крокодилски солзи во очите кои ги предизвика неверојатно силната болка во забот. Молам бога цел ден , да ми помине да можам 5 минути да дремнам. Утре задутре ќе се прашувам кај ми останале живците. Е таму. И кога конечно после 25-тиот час будна,заспав со помош на антибиотикот шо го пиев. И така , помина овој проклет ден ,помина болката во забот и се надевам овој филм нема да го гледам уше еднаш.
Ненаспана,нервозна,уморна како и ден претходно и ден претходно,ми треба сон од добри 12 часа и recucle bin во мозокот,можи и тотална амнезија
Па, прилично во депресија. За никаде сум целата, психо-физички. Шиба стрес на сите страни. Не знам како да се оправам. Додуша знам, ама некако не сум се уште силна да го направам тој чекор, од причина што ќе донесе друга болка. Ама можеби наскоро...
Не само денеска некако периодов ми е добар.......мн позитивна енергија,исполнетост одвнатре иако нема некоја посебна причина,убаво се осеќам,посебно дека почнав на пилатес некако осеќам дека цела негативна енергија ако ја имало ја трошам максимално.........се смеаам почесто