Добро,за разлика од неколкуте претходни денови.Денес имаше неколку личности кој успеаа од срце да ме насмеат и расположат.Тенк ју
Па убаво почна и мислев ке биде интересен али секако постојат идиоти што можат лесно да те изнервираат али сепак гајле ми е...
Баш сад , па онака лудо ... Ме облива некоја напнатост, за момент се тресам од ладно, па ајде топло, па нешто ме фати нерва, па откачам музика до даска(нормално со тапи на уши касно е ) Стомак ме кине и на третиот ден . Братми е излезен, некој немир имам, офф само да е мојата пуста психа што се јавува во пмс, ќе го чекам да се врати. Ех си размислувам, да сум во пмс пред свадбата моја или на денот на свадбата , абе намсето вел на глава рогови ќе имам . Знам дека ова е само период ама секој месец па досадно е, арно си вика дечко ми уште сега имам трауми од твојот пмс, море и јас си имам не само тој Ама после некој ден ќе бидам како нова, е да бе ќе бидам спремам испити тешко дека ќе бидам, пак ке стискам вилица , само за убаво нека е...
Ми фалат долги прошетки, ми фалат стари програми и емисии, ми фалат мириси. Низа на случувања кои те тераат да седнеш и да размислиш уште еднаш. Во последно време наидувам на луѓе на кои се' им е така прекрасно, розево и светкаво. Се прашувам само шта је вам бре људи? Отворете очи, дишете од реалноста, тргнете се од мамката на перфекционизмот и живејте. Дезориентираност на ниво и реципроцитет кој те тера да се насмееш ме следат деновиве. Дисфункционалност кога се работи за размислување, ме мрзи ептен. Непродуктивни идеи, додуша и неостварливи, ама ај. И еве ги несврзаните мисли почнуваат да надоаѓаат сами од себе. И многу сакам цвеќиња. Ама убави цвеќиња, не од оние со тек таму минијатурен цвет и шугави листови. Сакам раскошни цвеќиња. Сакам рози.
Ужасно. Периодов многу лоши работи ми се случија.. И како капак на се завчера вечерта почина една комшика, практично растев покрај неа. И ете, од нигде починала.. Нит болна била, нит ништо. Нека и е лесна земја, никогаш нема да заборавам колку беше добра жената, секогаш насмеана, секогаш расположена.
многу празно , како безчуства, како ништо да не остана, една тешка воздишка како карпа да имам на градите неможам да ја потргнам, дури самите очи ми се затвараат да не го гледат тоа што го отсликува реалноста, во мислите ми трепери една тажна песна ја слушам ,се пофторува, уморна сум од се..........
Посабајлечки уморно и поспано .. па уморно и еуфорично .. а сега уморно и среќно! Другар ми фати женска и повеќе се радувам од него, не можам да си ја симнам насмевкава од лицево!! Ахх убавини, дури и устава и образиве ме заболеа од клештење од 6ка до 6ка.