незнам што ми е во последно време,се чувствувам некако преродено ,мислам на позитивни нешта,ми се зголемила смислата за хумор,како да не сум јас,се чувствувам срекна а без причина
Нервозна сум. Главата ќе ми пукне, на секаде кавги. Кога не оди не оди. Ништо не ми оди од рака. ААААААААААААААААААААААААААААААА -.-
Иритирачко е чувството кога правиш нешто затоа што мораш, а не од срце. Крајно фрустрирачки и заморно е. А јас само сакам да одморам... Околу мене летаргичност насекаде. И повторно преовладува она Ама јас морам... Не, не мораш. И повторно сум заморена... Недела на крај краева е убав ден, ако знаете на која песна да уживате и ако сте доволно паметни да решите со кои личности ќе го поминете денот.. Јас денеска сум сама. Вратата од тераса ми е отворена и на видик ми е една куќа која порано зрачеше ... едноставно со живот. Сега е празна, покриена со тревишта еден куп и е мрачна. И на сонце е мрачна. А тука завршува уште едно поглавје. Убав период е на повидок... http://www.youtube.com/watch?v=C72piaGm ... ure=relmfu
Психички преоптеретено, и повредено. Ми треба мир и спокј незнам , можеби некој ке помисли дека сум себична ама... сакам да сум сама на моменти да заборавам на се околу мене и да се опуштам, и бидам во свет во кој нема проблеми и во кој мене некој ме сака безизмерно,ми фалат толку работи, денот ми започна сабајлево со кавга, можете да замислете како се чуствувам?!!? Повредено и никакво ми се плачи сакам да побегнам и да си бидам сама без никој да ми смета, сакам да се насмеам ама душата ме боли, грозно некак се чуствувам , не сум срекна а иако навидум греам со топлина како сонце.... душата ми е ладна, ако не е и дечкоми покрај мене, верувајте нема д аимам никаква волја за ѓивот верувале или не, само тој ме држи да живеам никој друг ... ми треба бегство од реалноста... кое наскоро нема да можам да го имам ..........
Никако. Знаете...некогаш човек е толку изморен од се` и не чувствува ништо... Нимам сила за да чувствувам....
Aпсолутно генијално се чувствувам денеска... како да сум под некоја психотична дрога и всушност сум, а тоа се хормоните (фала богу природна “дрога“). Серотонинот (хормон за happy feeling) се лачи у највеќе и бликам од радост и еуфорија. Мислите ми се тотално бистри и изострени, сметам дека нема кого не можам да победа на дебата или вербален дуел 1 на 1. Би сакал сите денови да се вакви, но знам дека се' е во некој циклус и круг, тркалото се врти постојано, така што денеска сум на врвот на тркалото, за да некој ден можеби бидам на дното. Но тоа е животот.
За разлика од предходниве денови на еуфорија,денеска мн безвезално........нели некогаш си среќен без причина,епа јас така сум нервозна без причина.......безвеза ден