Неописливо ТАЖНО. Од сабајле моите ми го нашле мачето пред двор удрено од кола.. Од кога сум станата неможам да се смирам. Премногу го сакав, не ми се верува дека го нема веќе. 4ипол месеци беше старо, уште беше ко клопче, мило, мило до немај каде! Голема маза беше, со сите сакаше да се гали.. Периодов значи само лоши работи ми се случуваат..
Па супер.Се трудам дождот да не ми го смени расположението. Ќе бидам упорна. Доволно беше само да биде малку ладничко,али ете...
Цревцава ме доведуваат до ѓаволски искушенија: напад врз фрижидерот во 4 наутро. Не и овој пат. Со два пара рогови тешко дека онаа другата во мене ќе излезе на крај со оваа Јас што ви пишува. Се чувствувам.... како светот да е мој. Силно некако, челик. http://www.youtube.com/watch?v=JRfuAukY ... ure=relmfu Придонесоа моите кои се грабаат кој попрво да зборува со мене на телефон за да ми кажат дека се тука за мене. Епа, ниеден војсководец не го бидува без силна војска. И верна. И иако се борам со акнава на брадава како да сум во пубертет, тоа не ме спречува да врзам фонтана на врвот од главата и да се чувствувам како главна шмизла во градинка. Особено кога татко ми ќе ме израдува со јагоди сред есен.
Јас го нападнав пред 15 мин и изедов вкусно припремена лазања... И сега се чувствувам најадено. Беше тоа непроценливо и препорачливо искуство.
Омалаксано , немам сила буквално да се помрднам од кревет. Секоја настинка мене ме фаќа! Главата ќе ми експлодира, носот ми е како бабура а грлото ренде.
Мирно. Ко море во жежок август. Си чатаме, си гатаме. Планираме. Му кажав дека сакам да правиме бебе. Рече - на меден месец во Куба! Ејаа. Одлично. Да сме само живи и здрави, приказни ќе создаваме... Убаво. Многу. Какао и греалка пуштена на 3ка. Сонце срамежливо, ама мило. Ме чека да расшетам ноџиња, точакот веќе го легнав да спие во зимски сон. Среќна. Така. Многу.