Некако ми завршува не знам кое по ред патување со цел - потрага по изгубената Лилитида. Не дека беше изгубена,ама беа кренати рацете од кочници,некако ми здосади контролата. И се тоа беше едно прекрасно искуство кое навистина ми недостигаше. Имаше прекрасен одмор, имаше прекрасни луѓе кои добро ми дојдоа!Некои од нив станаа многу неопходен дел од мојата личност...со некои взаемно се научивме што значи да го кренеш гласот... И сега, некако мирно реализирам се она кое што го сонував... Сега кога ми нуди топло кафе и седнува до моите нозе,ги зема во дланките и нешто ми зборува додека ова го пишувам,а јас се правам дека го слушам и се насмевнувам...Не може да збори ништо лошо...зошто прекрасно ми зборува. Можам да заминам уште сега ако сакам и да знам дека нема да згрешам. Зборуваме за глупости,а зборуваме и за се. Со јасни глави дека се имаме засекогаш, па дури и тогаш кога ќе ги шетаме моите и неговите деца и ќе зборуваме за тоа како таа есен дојде во Скопје и си поминувавме прекрансно и мило. Своевремено го потсетував на зима во Скопје и топло чоколадо и сега после илјада години седнавме приближно до истото место кое повеќе и не постои. Ми рече, знаеш дека тогаш ми беше симпатија! И се така,со некои луѓе животот ќе те спои. Со години немавме зборувано затоа што изгубивме контакт и се најдовме,сега сме тука...и топло ми е. И да, периодот завршува,овој е само почеток кој е прекрасен, знам дека ќе следи страшна празнина која ќе ме натера да остварам се што зацртав.Само така сум продуктивна,што ме радува. До тогаш ќе читаме многу, ќе гледаме многу, ќе чувствуваме многу, ќе сакаме многу, ќе се надеваме, ќе сликаме многу... Ама да, следи викенд резервиран за се ова. Ден како звук на виолончело, како женски кадрици собрани над вратот, како мирис и вкус на кафе, како мирис на есен, како топол џемпер, како нежна прегратка, како нашиот мирис, како игриви очи... како прекрасно пријателство. Како ладен зимски ден покрај планинско езеро. Со смисла за да не одмори од секојдневието... Ќе ми недостига човеков... само татко ми, дедо ми, тој и овој имаат навика да ми ја бубнат дланката за да бидам дама,а овој пак и ми ја топли од лицето,што ми предизвикува чувства на милост и детска чистина... А знае дека не сум дама... http://www.youtube.com/watch?v=Ogk-OL8h ... ure=relmfu
Малце изматуфено. Малку поќе што би рекол брачед Емин ! Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=qXnt_tis9sc Вака се осетив од ко поминав пред огледало во 12 : 00 и си реков сама себе - Како е ! Моментот не е прашањето , ами одговорот- Кај да фатиш јако е. И тука во два потези ги стуткав мазниците на половина. Ќе прекинам да јадам, за некое време. Вистина сум уште јака, имам фора некојси 100 грама пред да почнам да личам на буцка, оти нали складирам и во атрибути. Со благото ја претерав. Од мензисот ми е , да се оправдам. Сума сумариум се осеќам поглупа од вчера, прејадена, подуена од пиење и од тука до Ресен заљубена. Погоден ми е животот, зато убо ми стојат фармерките. Каква врска има естетиката со темава незнам, јас само си кажав...онака.
Чудно. Поделено на два дела. Еден дел од мене е среќен, задоволен... А другиот...скршен. Ете едноставно...
Денес како времево, променливо облачно со повремени и краткотрајни врнежи. Кога нешто не е во ред не е во ред, колку и да те убедуваат дека тоа така требало да биде. Ма што е тоа за мене, можам јас се да поднесам. Но оние што решиле да си поигруваат и да бидат злобни подобро убаво нека размислат.
Се што сакам во моментов е една долга прошетка. Сакам да анализирам луѓе до бескрај. Уморна сум од секојдневното мизантропско жалење и зборење за едно те исто. Комплексите се тешка работа, ама дајте луѓе поштедете ме. Никој не е должен да троши неврони за нечии глупави каприци. Со мокра крпа на глава веќе саат ипол седам, ме мрзи да направам било какво движење. Чајчето од портокал е до мене и шири миризба опојно, како никогаш досега. А јас оставам денов да тече како што знае и умее. Не форсирам, не се лупам од земја, едноставно мирувам.