Колку го сакам тмурново време. Некако ми недостигаше есента Си се гушкаме и си се топлиме со сестричето и си гледаме цртани...ми фали летото ама има нешто убаво и во тмурново време (иако за 2-3 месеци ќе барам лето) и да не бидам офф топик,се осеќам супер
Стегнато, тажно,пробувајќи да ја зачувам тагата за себе и повлечено до максимум, пробувајќи да не мислам на нештата што требаше одамна да се променат , мислејќи дали е нормално ова што ми се случува и зашто сега,зашто овде и вака го преживувам тоа што требаше да остане во минатото..Зашто сега кога животот ми се смени во целост неможам да спијам мирно и да уживам во слободата? Зашто само физички сум овде? Зашто се измачувам со тоа што нема да биде? И да, не ми е срам блиски сме ама неможам да дојдам до спротивната врата, знам дека ни е убаво знаеме се што се случува ама можеби понатаму.. Ужасно е да си на слобода, да си со луѓе што се добри, да ти е убаво и да имаш се што сакаш а да е несредена работа од минатото што сеуште е во мене и во сегашноста да те измачува а да неможеш кога и како да речеш стоп..И да бедно е кога за џабе имаш фејсбук и мобилен така да седат и никој да не те бара, да си оставен, тука да имаш се а од местото каде што живееше никој... И несакам во петок да го поминам Деве Баир, несакам да ми стигне порака дека сум на Македонска мрежа, не го сакам автобусот, сакам тука да останам несакам викендов да одам таму на гости..Сакам недела да си дојде побрзо Ни сама незнам што пишувам но тешко е да имаш негде дома, стар живот а да ги немаш сега.. Тешко е се што си имал за секунда да го снема..Тешко е да се правиш дека ти е совршено а да се кочиш да им го кажеш тоа на новите добри луѓе..Тешко е да знаеш за еден разговор а ништо нема.. Незнам што ќе правам со оваа безислезност што ми го закочува животот..
Не заспав ноќеска,пак моите бубачки зедоа замав.Ме јадат,не ми дават да дишам,ме истоштуваат.Немам сила целото тело ми е обземено,солзиве веќе не можам да ги контролирам,печат бре како песок да ми се полни очиве...тага..неспокој...немир...страв.... Кога би можела да отпатувам на пуст остров,да немам потреба од ништо,само да вегетирам и да го чекам крајот...на плеќиве товар од 141 година како да имам... Да излезам да се шуткам натаму наваму ... Како за беља дома немам ниедено апче за смирување...све сам ја то попила... уф.....
Па добро...може да се каже,работно и во исчекување на петок....побрзо да дојде па да заминам со саканиот во спа центар во Бугарија и да прославиме 10 год.во брак се на се добро
Минувам низ меланхолично патување со полна емоционална сила. Некогаш се' беше различно. Оооо, колку беше различно... Ама јас повеќе го сакам овој момент. Овој дожд. Ова сивило.
Возбудено. Од некоја чудна причина. Иако навидум се е во ред, некаде длабоко во себе имам некаков немир. Се прашувам дали е предзнак на нешто што ме очекува во текот на денов. Се надевам се ќе биде добро.
Гадно. Изиграно. Победено. Прелажано, не баш убаво.. Во исчекување сум, се соочувам во некои работи, но треба да бидам стрплива за работите да се разјаснат. А можеби и никогаш нема да ја дознаам причината за проблемот..