многу среќна...денес е денот кога пред 1 година ја крунисавме љубовта со мојот сопруг... со секој изминат ден го сакам се повеќе и повеќе...
Се ближи новата година, а со тоа паралелно и мојата нервоза и напнатост се зголемува... Ќе биде ОК, досега секогаш било така, и ќе продолжам натаму... Што друго преостанува?
Мислам дека го достигнав врвот на планината наречена тага. Повеќе од ова не може. Врвот е остар и тесен. Да паднам или да се вратам назад? Губам воздух,имам аритмија и несвестица... Зошто драги боже,зошто?? Нека прекине агонијава...
Премногу сум нестабилна и инфериорноста владее со мене. Не знам што всушност правам, кога планирам да застанам?! Многу ми е лошо . Емоционално сум растргната на сите страни и тоа ме боли. Ме боли секоја моја нова постапка. Се што правам е погрешно и кобно за мене. Конформизам насекаде, а јас само се прилагодувам.. А не сакам. Проклето многу, не го сакам овој период!!!! Несврзани реченици и слаб вокабулар со кој би можела да опишам каков сплет на чувства и емоции тлеат во мене. Само сакам да се исплачам и да почнам повторно!
Изморено, само што си дојдов од кошарка и премногу сум изморена. Малку сум и вознемирена ради........кецот по математика .
Како лик во јапонско аниме. Френетично, енергично, полудено, шарено, ем тажно. Да го имам чадорот на Мери Попинс, би полетала на кратко, онаму каде што е вечна пролет и се сркаат коктели под палми, за појадок, ручек и вечера.
Како облаче. Така лесно, оддалечено од се', а сепак блиску до сите. Понекогаш прашливо сиво, а понекогаш памучно бело со тенденција да остане тоа така...