Како да сакам после работно да отидам во амерички бар...и да пијам пиво и на крај да се качам на шанк да играм на...и да се срамам илјада дена потоа. http://www.youtube.com/watch?v=btLRy4EHF0k Ја гледам Калифорнија на глобусот...и далеку бе мамата,со авион,не па пешки. Се чувствувам лесно,мотивирано,мое...свеж ми е воздухот,а Скопје сепак ми е тешко. Кога поминувам на плоштад се вртам накај Максим Горки каде ми лежи идејата дека ќе се појави и ќе ме гушне силно. Ама не, он го слуша океанот и размислува како да стигнам до таму. На најдобриот начин. Да бидеме солени и да зборуваме за важни работи. Некогаш донесуваме не многу интересни и лесни одлуки, дури ни се грчи цело тело и секоја емоција ја репресираме,зошто даваме влог за нешто кое можеби и дијаматски многу вреди. Нема да лажам ако речам дека веќе една недела ми недостига и го игнорирам тоа,не му давам простор да се развие до пекол,па си викам,а да тргневме гардот, да ги отпуштевме кочниците,колку ќе беше мизерно?! Ма ужасно. А шепот како, ајде да правиме глупости и правевме,не да не,ама толку детски и наивни. Будевме спомени по цело Скопје, парк, Песталоци,многу пиво во Пивница во 3 попладне, улици каде ги пиевме првите кафиња, места каде него му се распаѓаше срцето за една девојка,а јас го собирав, ми рече,ама знаеш ли колку ми беше симпатија тогаш?! И се изнасмеавме слатко. Ама не,тој беше заљубен. Сега ја сретна пак, ми вика,колку сум бил само глупав. Па му се насмеав и му реков,си и сега сме и ние можеби глупави, не сакаме ни да мислиме на начини. Најубави гушкања ми се оние невини,наивни и платонски. Лесно е затоа што не е лесно. Животот е сепак прекрасен,преубав, колоритен, лесен зошто е тежок, тежок зошто убаво е да чувствуваш. Замисли да постоиме едноставно?! Тоа бескрајно безпричинско постоење на работи и никакви емоции. Навистина,убаво е кога избираме мудро...инаку ќе пеплосав до сега ако изберев било што глупо, површно и неразумно.
Нервозно. Повеке нема време,јас размислувам и размислувам,ама никако да најдам решение,а времето си лета.