Прилично добро, седам на топло гледам како врне и ми шушка дождот го сакамм оваа време пред лап топ на топло....Се е ок но кога ке размислам дека некој сега се мотка во кутии мислејки дека барем малку ке се стопли ми го крши филмот Премногу ми е жал, додека ние седиме на топло со илајда задоволства околу нас и притоа жалејки се дека овоа е малку бараме уште повеке на некого единствена желба му е каде да застане за да не го врне....Греота не е фер зошто не сме сите еднакви ?
Денес се чувствувам одлично! Неочекувано ми се навратија едни многу убави спомени од минатото и пресреќна сум!
Место не ме држи, триста филмови си направив во глава! Па пет часа ја нема и повеќе! Или и‘ е многу убаво, или ја спастрил некој. Леле Хипи ај најди си попаметна работа, те фаќа параноја за глупости
Se na se moze da se rece deka sum ok.Denes razotkriv nekoi personi sto gi smetav za bliski...konecno padnaa maskite! KAKVO LICEMERIE COVECE
Па онака безделничам со денови, па така и денес. Немам мотив ни да учам. А можеби е најстрашно тоа и што тоа не ме загрижува баш многу. До вчера бев како во депресија, ама денес иде накај подобро.
Малку сум ненаспана, ама сум многу продуктивна. Зелениов чај ми се чини се повеќе ми горчи, и имам очајна потреба за кафе. Па само ќе ја отворам кутијата, ќе го вдишам опојниот мирис, и пак ќе ја затворам. А со првата шолја чај, ја будам креативноста во мене и почнувам да работам. Ова ќе биде уште еден долг ден...
So tired... последниве денови вкупно дали 6 часа имам спиено. Уф, помина најнапорното неделава, отсега се релаксирам малку .
Како срцето да ми е скршено. Не се работи за љубов, за работа се работи. Нешто ме фати на пик, немилосрдно ме ренда. А мислам дека баш добро ми оди работата. Уште две недели не е тука, по мејлови не мислам да се препукувам, ама кога ќе се врати, ќе седнеме на озбилен муабет. Јас не можам да функционирам во ваква средина. Ако нема доверба во мене после толку завршени работи и 4 години заедничка работа, зошто тогаш воопшто ми го понуди ова? Чудно, ништо не ме навредува колку недоверба. А неоснована е.
Никако. Како најголемото ѓубре кое светот неможе да го поднесе. Ништо чудно,ни јас самата неможам да се поднесам себеси. Како ми иде да изгребам и да изгризам се што е во мојата близина
Подобро од вчера, за утре којзнае. Кога ќе ме спотера паника 5 до 12, ќе му ја мислам. Тотално сум индиферентна, да треба некој сериозно да ми шлапоса 2-3 васпитни за да се освестам.