Убаво море што сум оклештена па позитивна абе да не расправам но навистина ми е супер и покрај сите проблеми што си ги имам денес сум многу позитивна така треба само до кога ќе ми биде вака
Задоволна од колоквиумот денес, со полно меше, исполнета душа со разговори оваа вечер сум спокојна. Фала му на Бога.
катастрофа депресивна веќе неколку денови, без обврски, баш сеедно ми е баш за се ништо не ми се прави итн итн итн сакам само да избегам далеку од се, да си легнам и со денови да спијам ...................
Несакам да имам во билизна никој. Не сакам со никој да се слушам. Сакам да бидам сама. Уморна сум. Очајно се чувствувам.
Чудно делумно среќна,но само делумно....... Во суштина ми е смачено од држење со истите луѓе, одење на истите места, разговорање за истите работи, тајни, од сингл животот. Имам потреба од забава, запознавање на нови луѓе, останување до доцни часови, љубов. Многу долг излезе списоков, мислев дека ако дипломирам ќе бидам посреќна но сепак не сум, толку работи ми недостасуват... http://www.youtube.com/watch?v=vL5sdu3pNrU Песнава опишува точно како се чувствувам.
Како да имам товар на грбот. За учење колку сакаш, абе да седнам 2-3 саати се ќе научам, ама дур се наканам ќе дојде тромесечие. Ми се спие, јаде и одмара...не сакам школо, сега гледам дека расустот големо значење имал, пак ќе сакам обврски. Ако го занемариме тоа се чувствуваам солидно добро, негативната енергија ја исфрлив на тренинг.