Уморна, ненаспана, а со милион обврски врз глава. Се што сакам е да мавнам еден туш, да си облeчам пижамчиња и да си легнам под јорган...
одлично...одам на шопинг и поклони после работа...супер недела ми претстои со многу нешта за славење I am happy
Малаксана сум и изморена, а баш денес се надевав дека ќе ги завршам сите обврски што ми се на ум, ќе потрошам некоја калорија, ама очигледно баш спротивното. Од кревет, од под јорган не сакам да мрднам, лаптопот и книгата тука, па изгледа вака цел ден ќе го поминам.
Нервозно. Каде е оваа мојата менструација. Па ајде што чека. Да експлодирам како бомба!! Вријат хормони...`ржат не се држат
Оваа душа, носи голем грев, Фигаро, кој проникна во мене, ноќеска го заклав, со пиперката од фрижидер. Се каам. Веќе нема да пеам опера како што ноќеска пеев.
Мизерно...имам некоја грутка во градите...ах...ама сама сум си крива...секој месец исто ветување, секој нареден 1ви иста грешка. До кога вака? Ама па ако не е тоа, животот ми нема смисла. Јас не знам како живеат останатите, на што се радуваат, што ги смее, што им се мота низ главата, од каде црпат енергија...стварно не знам. Јас не можам така, сум пробала, сум видела, ама тоа не сум јас. Не можам и Не сакам. Сакам мирен живот, без овие трауми секоја прва недела од месецот. Го имав и тоа некој период, па си пукнав. Ми фалеше рингишпилот од претходно, рингишпилот што го чувствувам моментално. Ни нагоре, ниту надолу. Мене дефинитивно ми фали нешто. Или пак на другите им фали? Хм. Не знам. Знам само дека сум мизерна. И горда на некој мазохистички начин. Тоа дека јас секој месец го преживувам она што некој не може ни да го замисли. Ама џабе. Џабе ми е се` кога таа грутка стои, и ќе стои, и ќе стои....Ништо, дури не можам ни самата себе си да се игнорирам...Ајт, доста давев тука, не ми е првпат, најискрено се надевам дека ќе ми е последен, а се` некако потсвесно знам дека и наредниот 1ви пак ќе го правам истото. Јас себе убила. Ајт, отидов на цигара.