Изнервирана сум денес, секогаш ќе се најде некое ѓубре да ти го расипе и расположението и денот пууууууууу
Ран Лилит, ран...бат ши невр стапд анд невр лукд бек... Колку љубам светилници од неразбирливи причини и ветерници од малку попознати причини. Ден полн со учење за себе си. Баш како доликува пред големо финале на годинава. Освен ако не дојде крај на свет,всушност. Ама некако уи донт гив а шит дека светот можеби ќе отиде по ѓаволите! Сериозно,нема поболно кога ќе сфатиш за колку работи во врска со себе не си бил у право. Па останува чист заклучок, верувајте им на оние кои ве сакаат и ве познаваат долго за се она кое што ви го кажуваат во врска со вас и онаму каде што грешите. Иако ќе ви изгледа како да не знаат што зборуваат, поверојатно е дека вие сте се удавиле во вашите извори и замисли дека нештата се такви какви што вие сакате и мислите дека се... Ми се јаде колач со морско оревче во него... и ми се пие топло кафе во тишина...но тишина нема да настапи до година ова време. Буууура... немирно море... не се бунам,ок е да е тешко.
Уморноо, многу уморно Мразам прва смена, мразам часови кои не ме интересираат, мразам исфрустрирани професории. Мразам кога понеделнички ќе тргне со нервози. Сега сакам шоља чај од хибискус, цигара и добра книга, не сакам 30 страни историја
Ок, баш ок...денов отиде, каков-таков си заврши, утре ќе биде многу поубав ден.Ќе купувам чизми, ќе си уживам и вечерта искачанка...Па нели е ден на дрво во среда?Party everybody
После толку долго време-опуштено и релаксирано. Денот го поминав без никакви обврски и го посветив само на себе. Се надевам вака ќе ми биде до крајот на годинава.
Откога бев во секонд хенд пордавницата видов многу плочи, грамофон, старо пијано, стара машина за куцање, си купив свеќник од рачна изработка, четири дрвени споени срциња, и два тањири во форма каko крушка, се чувствувам мирно. Секој ден се' повеќе знам што сакам и целам кон тоа.