Мислиш Каспер Извини денес сум во вакво расположение, сите ги поправам ако згрешат, не е до тебе Јас? Јас се чувствувам феноменално, волку енергија во еден ден, вака да биде секој ден кој е ко мене. Јас сум повторно јас е муабетов
еј да можам да ти го украдам убавото расположение ах ах ... не се лутам Со тепературава и со мисливе што ми летат арно што и поголема глупост не сум треснала .. а денес баш ми одат такви пропусти
^ Ааааа, Ангелче, тоа од сникерсот ќе да е, предосеќам јас . Него, јас како се чувствувам денеска? Утепано. Денов ме мрази, а и јас него. Оставив мал милион на недовршени обврски зад мене, сега си легнувам и со нетрпение го очекувам денот утре. Никогаш не мислев дека толку многу ќе ми фали Скопје, дека толку многу ќе ми фали зачаденото ми од оџаци маало? Ах, утре ќе го шарам денот. Си ветувам.
Денес сум буквално без чувства , незнам , абе како офтопик15, како духче си се шетам, нокеска неспиена, роденден на брат ми, трчај во мекдоналдс, да ги забављам неговите “почитувани’’ другари, иако цел ден ко мрдната средував, и едно време ми прекисна, и земав искршив едно дете, ми вика ај едно екстремно лизгање, таму кај тоа што е лизгалката, кога го фатив за нозе, коа го траснав доле, како комарец се залепи на ѕид. Сега и да убијам некој, нема да ми падне жал. Кретен.
не само денес, уште од саботата си ја потврдувам својата храброст! дури благодарна сум некогаш (да не се изразам лошо) што ете животот често си скршнувал од оној шаблон, што можеби работите не оделе според замисленото и што во мене од ден на ден забележувам подобра личност, посилна, похрабра... дури, неможам да пуштам солза, неможам да се олеснам и како намерно да не сакам да кажам дека не ми е сеедно, дека не ми е лесно , и дека не ми е како што сите мислат дека ми е!!!! ама сепак ќе помине се, се е период, верувам дека колку ќе фрлиш зад себе толку ќе најдеш пред себе, само време, треба време. му давам време на времето!
Преуморно.. хронично ненаспано...а и истово ќе продужи и наредниве денови...ми нема помош го спремам последниот испит... и вечерва по сите изгледи нема да се спие... а ми фали и концентрација исто така