уууууууууууф ќе пукнааааам!!!!лицимериеее до бескрај,искористување исто така и све нека иде у ПМ!ми иде да задавам некој
Реално после олку напорен ден би требало да бидам преморена ,но јас сум преполна со енергија. Го чекам моментот да ја исфрлам на површина
Таман си реков фала богу овој месец нема да ме дрма пмс абе аман зарем не може да имам еден месец гратис уживанција без напнатост, нервоза, плачење-смеење, па некој си без веза страв, па после ме здрма паника некоја без потреба- како демек леле ова како ќе биде, а дали ќе завршам на време , па ајде почне да ми се лоши ... ќе си пукнам ова е единствената причина поради која не сакам да сум женско !!! Брејјјј што човек ќе да сум да се немало мира, барем Господе во климакс поштеди ме од ваквите изливи оти ќе шизнам не за друго . Арно ама... ова е само денес, секогаш така си се тешам во пмс , од утре нов ден, ќе си стиснам заби и ќе го поминам и ова како секој месец и секоја жена, како што стискаат заби сите што се во моја близина . Него друго ми е маката ќе почне никој да не ме разбира како ми е, и така само дечко ми ме разбираше де ама па и него ќе почне глава да го боли од мене , а и со право си е
Немам поима како се чувствувам денес. По синоќешниов сон, кој продолжи со уште неколку слични.. нормално, коа имаш заспиј-разбуди се, мислам дека имам озбилна некоја идентитетска криза. Се друго небитно Ама, цел свет мајќе ми зависеше од мене, од тоа да откријам во што се, кинезите му прошверцувале на светот „експлодирачко железо“ Па тоа, мостови се рушеле, тоа мориња црцоркале,ќипеле како манџа со желевца кинески... абе ламби експлодирале, пенкалца што ти не. Една листа почнав да правам и да ги наоѓам предметите и онда се разбудив Штета. Жими се, штета. Што друго да кажам, се трудам еве повеќе од пола саат да се свестам, ама после толку активна вечер, тешко ми оди