Беше се супер пред да качам температура Сега се ме боли... како ќотек да сум јадела... Раката изгледа ми е шината... само за на ремонт сум...
Ме фаќа длабока меланхолија. Сепак, овие емоции не се како оние кога бев мала и други нешта ми беа приоритет. Плус, ме болат градите, ужасно ми се јаде, а и имам алергија некоја безвезна на рамениците. Уф, нека поминат овие 2 недели... Ми се плаче, измешани емоции како во машина за перење
Сончево, па променливо облачно и зачинето со повремени врнежи. ДА, ова беше временската прогноза за Охрид денеска, ама јас изгледа сочувствувам со времево. Уште грмежи фалат, пошо интернетов ме зеза цело попладне, да му се плукнам!
Не знам,после толку време не знам,ама стварно не знам како се чувствувам...само едно е сигурно,летаргија ме фаќа. Ми треба свеж воздух во секоја смисла,позитивен одблесок,мотив,инспирација,организација,за промена дури и рнб журка би прифатила...нешто несоницата(сама си ја создавам) и непродуктивноста ми се јаки страни деновиве. Искрено прашувам,ако некој ме прочита...дали ви се случило извесен период да чувствувате мачнина и неволност да си легнете да спиете?! Ќе имам цело лето и цело виножито за сонување,а јас се чувствувам како стар грамафон... Дури и собата не ми е удобна како што ми беше...штом ја расфрлам често,не е арно...сакам еден голем зелен хамер,жолти листови и милион боички и сликички за креативно да се изразам...мислам дека ќе се чувствувам многу подобро после тоа. Имав можност да излезам,не излегов.Ни ноќниот живот не ни е баш... Чуден човек сум,пребрзо се заситувам од се!Постојано барам предизвици,а од друга страна тврдоглаво си гурам со принципите и моралните прагови...ама ако татко ми ми рече тоа било добро.И се гордеел што добра работа направил,создал ваква мома,а за да создадеш ваква мома требало да бидеш уметник! Сонце ми е,многу го сакам!Мое се! Мојон ми пее...градина со цвеќе,среќно мало дете,со очи ко твоите очи...дете?! Хух...во ред!Примено колега,ќе го разгледаме случајот...или не!Макар и на шала,лоша шала е!Јас,со своите зелени 20 и кусур...ма не...ни во сон. Бившиот ми се јави...мхм...се видовме случајно претходната недела...мхм...сакате да ви се фалам нешто?! Е нема,Сакине спие,доста сама се фалев! Ама убо ми е на душата! А некој друг...го нема... И не сакам овни и точка! Алергии...утре ќе садам цвеќе,а сега одам да плетам... Лил
Денеска се чувствувам како прво непродуктивно што не е нешто ново за мене изминатиов период.Така сум конфузна што мислам дека не постои поконфузно створење од мене во моментов.Посакувам да можевме емоциите да ги стававме во некое кутивче со натпис на него за кого наменета емоција и каква е,па да знаев,дали веќе нема ништо во кутијата полна емоции за дечко ми(или веќе бившиот )Денеска се чувствувам емоционално неинтелегентна ,а полна со негативна енергија на моменти ,позитивна одвреме навреме кажувајќи понекоја шега... Чувствувам страв за иднината,плачам по минатото ја трошам сегашноста,чекам ветре некое да ме дувне на која страна ќе идам пошто контролата како да сум ја изгубила или пак ја имам а неќам да ја користам.... Денес сакам да дојдеше некоја мудра и видовита старица кај мене на гости и уз кафе да речеше вака и вака ова ќе правиш ,тоа ќе се случи Денеска ништо ми нема смисла и се ми е така безбојно ,денеска не ми се плаче ама како тон солзи да заглавиле среде грло и само чекаат повод...Денеска не беше мн добар ден ,знам и следниве што ќе дојдат ќе биде исто некое време....едноставно знам....Останува љубовта за најблиските која ја имам неизмерно да ја дадам а они мене возвратат домашнава атмосфера ме смирува некако ме исполнува ,баш топло огниште ...и за крај да не бидам дотолку негативна guess what?i'm ALIVE!!!
Па носталгично....си ја залекувам раничката на срце.....ама не ми иде баш ко што замислував....2 ноќи само си плачам и два дена ништо немам јадено онака со ќеф....Мислев ќе биде подобро ама не е...го видов вчера и ме заболе тоа што гледам дека и тој е тажен..мразам кога правам другите да се чувствуваат тажно ради мене ...тажна сум и јас...ама....тоа е јбг....знам се ќе помине и далечни ќе сме и ќе останеме двајца што се сакале...........
Ненаспана, уморна, ама ништо не ми фали. Секој ден се соочувам со нови сомнежи за на крајот на тој ист ден тие да бидат побиени самите од себе. Еххх... не ми е јасно зошто си ја барам белјата понекогаш? Ама изгледа дека потајно сакам да се измачувам себеси без причина. Женско да не си! Па уште и самокритичен аналитичар... ЈБГ, понекогаш навистина сакам да сум машко, да не се замарам со глупостиве мои. Ама само понекогаш. Денес одлучив дека ми е добро во мојата кожа а како ќе биде утре не знам. Додуша, не сакам да мислам за утре... го имам ова, овде, сега!
...денес ми е подобро од вчера....за утре којзнае...животот е само една шега,а не се смееме...ноќта шири свои крилја... одлета и пак сум жива јас... НАЈДОБРА до сега!!!
Хммм... денес... недоволно наспано ама убаво најадена. Ми легна добро тоа кифлето што си го купив и го лапнав пиејќи една чаша чај од коприва се разбира-засладен по вкус. Арно појадокот мина ама што ќе ручам се мислам... Ај можеби ќе се најди нешто,сепак рано е сеуште па пред 1 саат појадував. И доста зборувам за јадење,сакав да кажам... Изумив што сакав да кажам,а и тоа не е ништо ново! Дечко ми си замина на факс,ме остави сама а мене ми се шеткаше сега веќе не! помина желбата и за тоа,а времето е тмурно па и јас како него... Ах ама ми дојде инспирација да напишам некоја песна,одамна не ме имало на некој лист да зачкртам па да излези ремек дело по не знам кој пат! Ајде ајде ќе биди, па и едно ливче што уплатив вкладилница добро тргна можеби ќе влези па ќе имам некој денар плус за освежување... Уште ми се впамет тоа маичките пролетни што ги видов завчера вчаршија! Ме фати некоја шопинг манија во последно време,кој ќе ја слуша мајка ми само за облека пари трошам ги наполнав гардеробите со темна облека во мојот прпознатлив ROCK стил,а пак сандачето со стартки Се на се и ова ќе биде досаден ден ако не заминам некаде...
денес мн мн ненаспано .. си легнаф у 6 .. станаф у 2 т.е. пред пола саат главана BOOM !!! ќе ми експлодира
вознемирено, ахх толку многу работа имам денес, и покрај се, треба да се средам за вечер, и треба да бидам убаа, зш ми јавија ке снимале и за тв уффффффф...аман више
Среќна сум дека си купив се што ми требаше за матурата, а и нервозно зашто постојат личности што многу убаво знаат да ме изнервираат
Убаво, релаксирано саботно расположение. Викенд е, а тоа значи дека мама е слободна и дека дома се готви како во ресторан, па не морам да се замарам за тоа што ќе јадам. Принесено на маса, собрано, измиени садови, наместени кревети... милина. Денес само одмарам.
ја па се чуствувам ептен загрижено за женски проблем (полицистични јајници) и сакам да ме препорачате некој чај.Како ли да се расположамммм
ех, супер и релаксирано цел ден со мили личности. малку ме извади од такт простотилакот кој што го читам на фејсбук од мои ,,будучи,, колешки, ама мислам дека ќе преживеам
онака опуштено, за разлика од минатите денови по опуштена сум ааа да и малку срцеболно? па малку ме стегаат градите ама ќе ми помине, се надевам