Прокрастинирам. Ужасно. Размислувам...за него. Заглавивме синоќа. Се‘ што е поврзано со нас е толку лудо...Почнувајќи од нашето запознавање. А...можев да приметам и тогаш дека сум му нешто спешл, начинот на кој ме гледаше...и како силно ме гушна кога си заминував...Беше иницијатор за најдобриот роденденски подарок што некогаш сум го добила. За мене самото нивно запознавање беше подарок! Никогаш не сум била посреќна! Конверзација...по 3 месеца од нашето запознавање...елбабориравме на секоја тема. Као демек, се знаеме, цел живот. Пријатен е. И неговиот парфем беше пријатен. И очите, вперени во мене, и моето преправање дека не забележувам..пошто не сум селфиш бич, и девојките блескаа! Рече...зборувале за мене. Ни на крај памет не би помислила! Прекрасен! Можам да ја замислам и нашата ќерка! Црнокоса убавица со сини очи! Ох БожЕ! Навистина не треба да останувам до доцна ! Лошо влијае на мојот ум! А тој ми се допаѓа, многу. Забавен, интересен, перверзен, романтичен. Све у једно. Три во едно...да, па треба да се расонам...се тегавам у кревет. А не ми се допаѓа 2 илјадната километарска дистанца помеѓу нас. Воопшто. Ајде дојди ми!
Не барам многу, со останатото сама ќе се снајдам...само едно парче чоколадна торта...со вишни и се ќе биде подобро некој...било кој? парченце само...
Сакам да си легнам и да се разбудам со научени лекции,успешно завршена диета и навреме сработени обврски...
Не знам како да го објаснам тоа што го чувствувам.Уствари, не осеќам ништо...Ја знаете онаа сцена од филмовите кога некој умира и апаратот поврзан со срцето покажува рамна линија?Е така некако се и моите чувства моментално, flat line...
Сабајле бев за нигде, зашто закаснив со станувањето, и успеав само едни ракавици да навлечам, иако имав планови да бирам капчиња, шалови, па онака, на две, на три.. ги грабнав и летнав.. А сеа сум си подобро и се чувствувам многу добро, ама не ми се јаде и како и да е, треба засега да си уживам, зашто како и секој ден кај 4 ке почнам со тренирањево: Бај Бај.. Бидете поздравени феминкии!!
Месеци има... Уште кога ја отворија, мислата ми беше дека таму ќе одам само кога ќе завее снег. Демек, ради чувството. Надвор белина, пируети снежни во воздух, таму топло... мирис на чоколадо, ванилин шеќер, цимет и разно разни сладникави чудесии...ти, ем сркаш топло чоколадо, ем мелеш чоколаден мафин и ќутиш и се цереќезиш ко пекмез на леб оти (!).... нели.... као... тогаш, после толку време ќе си го стегнеш ременот ко м’штинка, каква не си и ќе одите (по твоја иницијатива, овај моја!) таааму. Демек да се видите после стоте години самотија И, онда, ете ти тргнаа најави за снег. Те по телевизии, те по фејсбуци,мејубици иииии се пишманив. А, снегот уште не паднат Демек,муабетов е... ќе чекаме нов момент за разбивање на оваа вуду магија. Ај, и без тоа снегов никако да го завее скопјево, дур дојде може ќе се решам цц Абееее. Ајм а маус !
Некако добро. Не ми се совпаѓа времево само.. А денот ми е добро испланиран така да се чувствувам прилично добро поради тоа
Ау, одлично се чувствувам-наспана сум, најадена, опуштено е се, нема обврски, трчање по автобуси и нервози.Луѓе, сабота е!