Под „денес“, јас уште си ја сметам оваа (за мене) крајно непродуктивна среда. А мразам такви денови! Безделничење од утро до мрак, симнување некакви безвезни апликации на телефон и гледање епизоди од некоја нова серија. Што ми требаше да ја почнам... Се чувствувам некорисно. Освен тоа што си го наместив креветот, направив чај и купив сапун, ништо друго не направив денес. Па еве за да си ја поправам грешката и да се утешам, ќе го направам првиот чекор за продуктивен ден - ќе го навијам алармот рано наутро и ќе напишам to do list.
катастрофа се разболеф имам висока температура и се вратив од доктор морам на операција за време на распустот ќе ми ги вадат крајниците
Било и боље... ама коа ќе помислам па и дека од се може боље, па тоа си го зеам за утеха! Ама.. работите константно се менуваат.. тркалото се врти затоа шо е круг... зошто не се врти квадратот?!
Ко да ме огреала тропска месечина у поларна ноќ. Е така некако. Ко да сум стаила премрзнати ноџиња у жешка вода
Времето на психа удара, не само на нозете . Ништо не ми се прави на ова време, нозете како и вообичаено ми се коска, мраз, и така не ја сакав зимата ама сега па ич. Каде да одам на вакво време два пати излезам еднаш паднам аман веќе. Не ми е ни снегот убав кога вака се помрзне, ајде нека се стопли оти криза почна да ме фаќа
Сабота на работа... Колку и да сакам нели да се чувствувам човечки, толку сум исцрпена што ќе си заспијам фино на бирото, и ќе се молам што поскоро да дојде некој празник па да си спојам....