Среќна сум и смирена, одморена, наспана и сите проблеми или решени или ставени на страна, за да можам да уживам викендов.Многу убаво се осеќам, конечно пронајден е мир во мене
Не би да многу расправам. Никому не би да раскажам. Кармата можда очи нема. Можда. Ама па, едни уши што ги има да те надуши, да ти мамица расплаче цц. Кај знаеш. Ипак. Тоа, толку доооолго ништо... та сега? Баш сега у оваа, немогуче мирно-шаманска година. Ме страши. Една е мислата - можеби се збунуела... кармава. Кај знаеш. Можда за друг била,а кај мене стасала .
Денов ми помина баш во тишина. Сеедно ми е за се ... Или не, сепак не ми е. Кој знае што ќе биде утре, или задутре ... Или за еден месец, па била и година.. Шо знам... http://www.youtube.com/watch?v=8ise7FzuGsA
Психички одморена. Дури и се прашувам што не е во ред со мене што цел ден не се замарав ама со баш ништо! Еве сега си го пијам последното чајче планинско пред спиење, слушам преработки на македонски евергрини и мирна сум. http://www.youtube.com/watch?v=36H14CyP9-E Со насмевка
Првите 2-3 саата од кога станав ништо посебно, а потоа меланхолично и тажно :'( па бев бесна на се околу мене и сега несакам да мислам на ништо веќе, затоа си дремам на форумов
Прилично тажно. Со оглед на тоа што денеска на вежби,додека земавме анамнеза, еден пациент се расплака за неговата жена која починала пред 10 години и... во тој момент си се повлеков неколку чекори назад, го слушнав срцево како ми се крши, како и секој пат кога ќе видам човек во години кој плаче по својата втора половина и ете... грутка ми стои цел ден. Обично имам доста контрола врз емоцииве, не оставам тие да ме контролираат мене, но... Има и вакви денови.